племињата на Израил во Стариот завет, потомци на дванаесетте синови на Јаков From Wikipedia, the free encyclopedia
Израилеви племиња или Израилеви колена (хебрејски: שבטי ישראל, шивтеј Исраел) — дванаесет родови во Стариот завет (Хебрејската Библија) потекнати од дванаесетте сина на праотецот Јаков (наречен и Израил) и двете негови жени, Лија и Рахила, како и двете нивни слугинки, Зелфа и Билха.
Израилците биле дванаесетте сина на праотецот Јаков кои станале родоначалници на племињата. Јаков имал и ќерка, Дина, чии потомци не станале одделно племе.
Синовите на Јаков се родиле во Харан од различни мајки, како што следува:[1]
Во Второзаконие 27,12–13 дванаесетте племиња се наведени без придавен облик, туку ги носат имињата на нивните родоначалници:
На потомците Ефрем и Манасија (двајцата синови на Јосиф и неговата жена-Египѓанка Асената)[2] Јаков им го доделил статусот на самостојни племиња поради тоа што Јосиф добил двојно поголем дел откако Рувим го изгубил првородното право поради гревот со Билха.[3]
Според библиското предание, во периодот од освојувањето на Ханан под водство на Исус Навин со создавањето на првото Израилското Царство, племињата направиле лабав сојуз, опишан во книгата Судии. Денешните стручњаци фрлиле сомнеж врз вистинитоста на оваа приказна,[4][5] а образложението врз основа на освојувањата под водство на Исус Навин повеќе не го сметаат за историски исправно.[6][7][8] The Раскажувањето за периодот на Судиите во Библијата се смета за сомнително во научната заедница.[4][9][10] Под прашање е и постоењето на обединетото Израилско Царство.[11][12][13]
Живеејќи во прогонство во VI век пр. н.е., пророкот Езекил добил видение за обновата на Израил,[14] за идна утопија во која дванаесетте пламиња повторно ќе живеат во своите земји.[15]
Земјата Израилска била поделена на дванаесет дела, по еден за секое племе. Но на дело, оваа распределба не била според напишаното. Левиевото племе не добило земја, туку шест прибежишни градови со кои управувале, како и надлежност врз Ерусалимскиот храм. Јосифовото племе не добило земја, но двајцата Јосифови синови, Ефрем and Манасија добиле земја од делот на татка си, па основале свои изведени племиња.
Така, племињата што добиле земја се следниве:[16]
Во Новиот завет племињата се споменуваат двапати во евангелијата и двапати во Откровението на Јован. Во Матеј, напоредно со Лука, Исус Христос претскажува за Царството Божјо за неговите следбеници: „ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви колена“.[17][18]
Авторот на Откровение 7,1-8 ги наведува дванаесетте племиња вака:
Во видението за Новиот или Небесен Ерусалим, имињата на племињата биле запишани на градските порти:
... тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израилеви: спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти.[19]
Во Куранот се вели дека Мојсеевиот народ бил разделен на дванаесет племиња. Во главата „Бедеми“ (Ел-А'раф) стои:
И Ние ги раздробивме во дванаесет племиња и дружини, и на Муса му вдахнавме кога народот негов побара од него да се напие вода: „Удри со стапот твој на карпата!“ И тогаш од неа потекоа дванаесет извори. Секоја дружина го знаеше поилото свое. И Ние од облак врз нив сенки соборувавме и препелици и мани им испраќавме. Јадете од добрата со кои ве снабдевме. И нам зулум не ни направија туку самите себеси зулум си направија![20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.