Западна Белорусија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Западна Белорусија — историски регион во денешна Белорусија, кој ја сочинува територијата што припаѓала на Втората Полска Република за време на меѓувоениот период во согласност со меѓународните мировни договори. Пред нацистичко-советската инвазија на Полска од 1939 година, територијата го формирал северниот дел од полскиот макрорегион Креси[1]. По завршувањето на Втората светска војна во Европа, територијата на Западна Белорусија била отстапена на Советскиот Сојуз од страна на сојузничките сили, додека градот Бјалисток со околината бил вратен во Полска. До распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година Западна Белорусија опфаќала значаен дел од Белоруската Советска Социјалистичка Република (БССР). Денес, тој дел претставува западен дел од суверената Република Белорусија[2].
Западна Белорусија | |
---|---|
Административна поделба на Белоруска ССР (зелено) пред Втората светска војна со териториите дадени од СССР на Полска во 1939 година (обележани со нијанси во портокалово), преклопени со територијата на денешна Белорусија | |
Западна Белорусија во 1939 година прикажана во темнозелена боја | |
Земја | Белорусија, делумно во Полска и Литванија |
Површина | историски регион |
Денес дел од областите на: Барановичиски регион, Белостокски регион, Брестовски регион, Вилејски регион и Пинск | Гродно, Брест, Минск и Витебск; |
Создадени од СССР по освојувањето на Полска, новите западни провинции на Белоруска ССР стекнати од Полска се: Барановичиски регион, Белостокски регион, Брестовски регион, Вилејски регион и Пинск[3]. Тие биле реорганизирани уште еднаш за време на советската контра-офанзива од 1944 година во современите западни провинции на Белорусија, кои ги вклучуваат Гродно и Брест, како и делови од денешните региони на Минск и Витебск. Градот Вилно (денешен Вилнус) бил вратен од СССР во Република Литванија[4][5], односно на тогашната Литванска ССР[6].