From Wikipedia, the free encyclopedia
Загрозен јазик е јазик на кој му прети опасност да биде сосема изумрен или да не се користи за секојдневна комуникација. Вкупниот број на јазици во светот е непознат. Проценките варираат во зависност од тоа кои фактори влијаат врз истите. Мајкл Краус проценува дека во светот има околу 6.000 јазици кои се во активна употреба во 2007.[1] Оваа проценка е исто така користена и од УНЕСКО.[2] Краус исто така наведува дека еден јазик може да се смета за „безбеден“ ако истиот го зборуваат деца во наредните 100 години, загрозен се смета тој јазик кој нема да биде зборуван од деца во наредните 100 години и речиси изумрен се смета тој јазик кој не се зборува од деца.[1]
Иако нема јасни критериуми за одредување кој јазик е загрозен, сепак се земаат предвид следните општи критериуми:
Така на пример, некои јазици во Индонезија, иако имаат илјадници говорници, сепак можат да се сметаат за загрозени бидејќи децата не го изучуваат јазикот, а возрасното население е во процес на јазична замена со индонезискиот јазик. Спротивно на ова, ако има јазик со само 100 говорници, истиот може да се смета за доволно жив бидејќи јазикот го зборуваат и изучуваат воглавно деца.
УНЕСКО ја дава следната дефиниција за загрозен јазик: загорзен јазик е тој јазик кога говорниците сè помалку го користат, кога јазикот се користи само во одредени сфери и кога јазикот не се пренесува од колено на колено. Така, нема нови говорници, возрасни или деца.[2]
Според атласот на УНЕСКО за загрозени јазици, 2.500 јазици се поделени во пет категории на загрозеност: ранливи, дефинитивно загрозени, тешко загрозени, критично загрозени и изумрени.[3]
Другата публикација на УНЕСКО, Црвена книга на загрозени јазици, ја користи следната класификација: „можно загрозени“, „загрозени“ и „лошо загрозени“.[4]
УНЕСКО ја утврдила следната скала на загрозеност на јазиците[5]:
Јазично оживување е процес кој се спроведува од некоја организација, општествена или културна група, влада или политичка организација за оживување или зголемување на бројот на говорници на некој одреден јазик. Најчесто јазиците чиј број на говорници опаѓа се класифицирани како загрозени, мртви или изумрени јазици. Во такви случаи, целта на јазичното оживување е да го зачува јазикот како средство за комуникација. Иако овој процес зависи од инволвираните страни или политичката и општествена околност, најчесто целта на овој процес е да се овозможи еден јазик да стане повторно активно зборуван. Овој процес е спротивен на јазичното изумирање. Добро познати примери за јазично оживување се хебрејскиот јазик, белорускиот јазик, корнишкиот јазик, манскиот јазик, шкотскиот јазик, ирскиот јазик итн.
Според атласот на УНЕСКО, во Македонија има седум загрозени јазици, и тоа:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.