From Wikipedia, the free encyclopedia
Животното осигурување е еден од двата главни облика на осигурување, покрај неживотното осигурување. Овој тип на осигурување опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии.[1]
Животното осигурување е во голема мерка застапено во светот, а особено во Западните развиени земји, каде оваа традиција трае уште од средината на 19. век. Според истражувањатата од 2007 на Swissre[2], водечки држави во животно осигурување се:
Држава | Вкупно премии за сите видови осигурувања (по глава на жител во US $) | Од тоа во Животно Осигурување (по глава на жител во US $) | Процент од сите видови осигурувања кој отпаѓа на Животно Осигурување |
---|---|---|---|
Ирска | 7171 |
5734 |
79,96 |
Велика Британија | 7114 |
5731 |
80,56 |
Холандија | 6263 |
2192 |
35,00 |
Швајцарија | 5741 |
3159 |
55,03 |
Данска | 5103 |
3381 |
66,26 |
Франција | 4178 |
2928 |
70,08 |
Белгија | 4132 |
2973 |
71,95 |
САД | 4086 |
1922 |
47,03 |
Финска | 3906 |
3093 |
79,19 |
Шведска | 3705 |
2640 |
71,26 |
Норвешка | 3370 |
2439 |
72,37 |
Јапонија | 3320 |
2584 |
77,83 |
Канада | 3054 |
1387 |
45,42 |
Австралија | 3002 |
1674 |
55,76 |
Германија | 2662 |
1234 |
46,36 |
Јужна Кореја | 2384 |
1657 |
69,51 |
Русија | 209 |
6,1 |
2,91 |
Бразил | 202 |
95 |
47,03 |
Кина | 69,6 |
44,2 |
63,50 |
Индија | 46,6 |
40,4 |
86,70 |
Извор: World Insurance in 2007 — Swissre.com
Осигурувањето на живот во Македонија е регулирано со Законот за облигационите односи, кој во членовите од 953 до 979 и од 998 до 10121 ги регулира правата на договарачот на осигурувањето и на друштвото за осигурување, како и општите и посебните услови на друштвата за осигурување. Договорот за животно осигурување се смета за склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување. Притоа, договорот е ништовен ако неточно е пријавена староста на осигуреникот. Ако осигуреникот не плати некоја премија, друштвото за осигурување нема право да бара наплата по судски пат, друштвото може да ја намали осигурената сума или да го раскине договорот. Животното осигурување може да се однесува на животот на осигуреникот или на трето лице, а истото важи и за осигурување од несреќен случај. Но, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај или корисникот на осигурената сума намерно ја предизвикал смртта на осигуреникот, тогаш друштвото нема обврска да ја исплати договорената сума. Исто така, договорената сума не се исплаќа ако смртта настапила во воени операции. По барање на договарачот, друштвото за осигурување може да му исплати аванс при што договарачот е должен да плаќа камата на сумата што е исплатена однапред. Карактеристично за животното осигурување е тоа што тој може да содржи и клаузула за учество во добивката на друштвото за осигурување.[3]
Овој вид на осигурување во Македонија правно е заснован и врз Законот за супервизија на осигурувања (Службен весник на РМ - 27/2002)[4], а главна регулаторна државна инстанца која го контролира овој вид на осигурување, како и целокупниот пазар на осигурување во Македонија е Агенцијата за Супервизија на Осигурувања (АСО).[5]
Заклучно мај 2019 година, пет друштва имале лиценца од АСО за работа со животно осигурување:[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.