хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Жива(II) сулфат, вообичаено наречен жива сулфат, е хемиско соединение со формула HgSO4. Тоа е цврста материја без мирис која формира бели гранули или кристален прав. Во вода се одвојува во нерастворлив сулфат со жолта боја и сулфурна киселина.[3]
Други називи Жива сулфат, Жива-персулфат, Бисулфат жива[1] | |
Назнаки | |
---|---|
7783-35-9 | |
ChemSpider | 22950 |
EC-број | 231-992-5 |
InChI
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 24544 |
RTECS-бр. | OX0500000 |
| |
UNII | J4L3PPG58I |
ОН-бр. | 1645 |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | бели моноклинични кристали |
Мирис | без мирис |
Густина | 6.47 g/cm3, solid |
450 °C[2] | |
Во вода се распаѓа до жолта жива субсулфат и сулфурна киселина | |
Растворливост | растворлив во топол раствор на H2SO4, NaCl нерастворлив во етанол, ацетон, aмонијак |
Магнетна чувствителност (χ) |
−78.1·10−6 cm3/mol |
Структура | |
Кристална структура | ромпска |
Термохемија | |
Ст. енталпија на образување ΔfH |
−707.5 kJ mol−1[3] |
Опасност | |
GHS-ознаки:[4] | |
Пиктограми |
|
Сигнални зборови |
Опасност |
Изјави за опасност |
H300, H310, H330, H373, H410 |
Изјави за претпазливост |
P260, P262, P264, P270, P271, P273, P280, P284, P301+P316, P302+P352, P304+P340, P316, P319 | , P320, P321, P330, P361+P364, P391, P403+P233, P405, P501
NFPA 704 | |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Анхидридната форма содежив Hg2+во високо искривена тетраедарна HgO4 средина. Двете растојанија на Hg-O се 2,22 А, а другите се 2,28 и 2,42 А.[5] Во монохидратот, Hg2+ усвојува линеарна координативна геометрија со должина на врските Hg-O (сулфат) и Hg-O (вода) од 2,179 и 2,228 Å, соодветно. Забележани се и четири послаби врски со Hg---O растојанија >2,5 Å.[6]
Во 1932 година, јапонската хемиска компанија Chisso Corporation започнала да користи жива сулфат како катализатор за производство на ацеталдехид од ацетилен и вода. Иако во тоа време било непознато, метилживата се формира како несакан производ на оваа реакција. Изложеноста и потрошувачката на отпадните производи од жива, вклучително и метилживата, кои биле фрлени во заливот Минамата од Чисо се верува дека се причина за болеста Минамата во Минамата, Јапонија..[7]
Жива сулфатот може да се произведе со третирање на жива со топла концентрирана сулфурна киселина:[8]
Алтернативно, жолтиот живин оксид реагира и со концентрирана сулфурна киселина.[9]
Киселиот раствор на жива сулфат е познат како Denigés реагенс. Најчесто се користел во текот на 20 век како реагенс за квалитативна анализа. Ако Denigés' реагенсот се додава во раствор кој содржи соединенија кои имаат терцијарни алкохоли, ќе се формира жолт или црвен талог.[10]
Како што беше споменато претходно, Hg S O4 се користи како катализатор за производство на ацеталдехид од ацетилен и вода.[11]
Соединенијата на жива како жива сулфат и жива(II) ацетат најчесто се користат како катализатори во оксимеркурацијата-демеркурација, тип на реакција на електрофилно додавање. Хидратацијата на алкен резултира со алкохол што ја следи региоселективноста што е предвидена со Марковниковото правилото.
Шемата за реакција е дадена подолу. Конверзија на 2,5-диметихексин-2,5-диол во 2,2,5,5-тетраметилт-трахидрофуран користејќи воден жива сулфат без додавање киселина.[12]
Инхалацијата на HgSO4 може да резултира со акутно труење: предизвикување стегање во градите, отежнато дишење, кашлање и болка. Изложеност на HgSO4 во очите може да предизвикаат улцерации на конјунктивата и рожницата. Ако живата сулфат е изложена на кожата, може да предизвика сензибилизирачки дерматитис. И на крај, ингестијата на жива сулфат ќе предизвика некроза, болка, повраќање и сериозно прочистување. Голтањето може да резултира со смрт во рок од неколку часа поради периферен васкуларен колапс.[1]
Жива сулфатот се користел кон крајот на 19 век за да предизвика повраќање од медицински причини.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.