Женска ракометна репрезентација на Црна Гора
From Wikipedia, the free encyclopedia
Женската ракометна репрезентација на Црна Гора е репрезентација кој ја претставува Црна Гора на меѓународните ракометни натпреварувања во женска конкуренција. Репрезентацијата е под контрола на Ракометниот сојуз на Црна Гора.
Кратки факти Податоци, Бои ...
![]() | |||
Податоци | |||
---|---|---|---|
Сојуз | Ракометен сојуз на Црна Гора | ||
Тренер | ![]() | ||
Капитен | Јованка Радичевиќ | ||
Најмногу натпревари | Јованка Радичевиќ (159) | ||
Најмногу голови | Јованка Радичевиќ (874) | ||
Бои | |||
| |||
Резултати | |||
Летни олимписки игри | |||
Настапи | 2 (првпат во 2012) | ||
Најдобар резултат | 2-ро, (2012) | ||
Светско првенство | |||
Настапи | 5 (првпат во 2011) | ||
Најдобар резултат | 5-то, 2019 | ||
Европско првенство | |||
Настапи | 5 (првпат во 2010) | ||
Најдобар резултат | 1-во, 2012 | ||
Последна поднова на податоците: 13 декември 2019. |
Затвори
Репрезентацијата е формирана во 2006 година, по распадот на Србија и Црна Гора и истата година е примена во ЕХФ и ИХФ. Најголемиот успех на репрезентацијата на Црна Гора е освојувањето на златниот медал на Европското првенство 2012 во Србија, каде во финалето ја победиле најтрофејната репрезентација во женскиот ракомет, Норвешка, по две продолженија. Покрај тоа, Црна Гора има и сребрен медал освоен на Олимписките игри 2012 во Лондон, каде биле поразени во финалето од Норвешка.