From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан Тигана (роден во Бамако, на 23 јуни 1955) — француски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред.
Жан Тигана | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 23 јуни 1955 | ||
Роден во | Бамако, Мали | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м | 1,68||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 1991 (35 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1975-1978 | Тулон | 76 | (10) |
1978-1981 | Олимпик Лион | 104 | (15) |
1981-1989 | Бордо | 251 | (11) |
1989-1991 | Олимпик Марсеј | 56 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1980-1988 | Франција | 52 | (1) |
Раководител на екипите | |||
1993-1995 | Олимпик Лион | ||
1995-1999 | Монако | ||
2000-2003 | Фулам | ||
2005-2007 | Бешикташ | ||
2010-2011 | Бордо | ||
2011-2012 | Шангај Шенхуа | ||
* Ажурирано на: 28 јуни 2013 ** Ажурирано на: 28 јуни 2013 |
Својата професионална кариера, Тигана ја започнал во Тулон, клуб за кој одиграл 83 натпревари во периодот од 1975 до 1978 година.
Потоа играл три сезони во дресот на Олимпик Лион (1978-1981), пред да се пресели во Бордо во 1981 година. Со жирондиците, тој освоил три првенствени титули (1983-1984, 1984-1985, 1986-1987), два купа (1985-1986, 1986-1987) и еден Суперкуп на Франција (во 1986 година). Играјќи за Бордо, тој бил избран за Фудбалер на годината во Франција во 1984 година. Последните години од кариерата ги поминал во екипата на Олимпик Марсеј со која освоил уште две првенствени титули (1989-1990, 1990-1991).
Тигана дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во 1980 година и, до неговиот последен настап во 1988 година, одиграл вкупно 52 натпревари за триколорите постигнувајќи 1 гол.
Со репрезентацијата учествувал на Светското првенство 1982 во Шпанија и Светското првенството 1986 во Мексико (каде го постигнал единствениот репрезентативен гол во успехот со 3-0 против Унгарија),[1] стигајќи до полуфиналето во двата случаи. Исто така учествувал и на завршницата на Европското првенство 1984, кое Франција го освоила на домашен терен.
За време на својата репрезентативна кариера Тигана бил дел од таканаречениот "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique"), четиричлениот среден ред на французите заедно со Мишел Платини, Луис Фернандес и Ален Жирес, една од најдобрите средни линии со четири играчи во историјата на фудбалот.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
23-5-1980 | Москва | Советскиот Сојуз | 1 – 0 | Франција | Пријателска | - | ||
11-10-1980 | Лимасол | Кипар | 0 – 7 | Франција | Квал. за СП 1982 | - | 51' | |
28-10-1980 | Париз | Франција | 2 – 0 | Ирска | Квал. за СП 1982 | - | ||
19-11-1980 | Хановер | Западна Германија | 4 – 1 | Франција | Пријателска | - | ||
18-2-1981 | Мадрид | Шпанија | 1 – 0 | Франција | Пријателска | - | 70' | |
29-4-1981 | Париз | Франција | 3 – 2 | Белгија | Квал. за СП 1982 | - | ||
15-5-1981 | Париз | Франција | 1 – 3 | Бразил | Пријателска | - | ||
18-11-1981 | Париз | Франција | 2 – 0 | Холандија | Квал. за СП 1982 | - | 75' | |
5-12-1981 | Париз | Франција | 4 – 0 | Кипар | Квал. за СП 1982 | - | ||
23-2-1982 | Париз | Франција | 2 – 0 | Италија | Пријателска | - | ||
28-4-1982 | Париз | Франција | 0 – 1 | Перу | Пријателска | - | 46' | |
14-5-1982 | Лион | Франција | 0 – 0 | Бугарија | Пријателска | - | ||
2-6-1982 | Тулуз | Франција | 0 – 1 | Велс | Пријателска | - | 64' | |
16-6-1982 | Билбао | Англија | 3 – 1 | Франција | СП 1982 - Прва фаза | - | 74' | |
28-6-1982 | Madrid | Франција | 1 – 0 | Австрија | СП 1982 - Втора фаза | - | ||
4-7-1982 | Мадрид | Франција | 4 – 1 | Северна Ирска | СП 1982 - Втора фаза | - | 57' | |
8-7-1982 | Севиља | Западна Германија | 3 – 3 прод. (5 – 4 пен.) | Франција | СП 1982 - Полуфинале | - | ||
10-7-1982 | Аликанте | Полска | 3 – 2 | Франција | СП 1982 - за 3-то место | - | 82' | |
31-8-1982 | Париз | Франција | 0 – 4 | Полска | Пријателска | - | ||
6-10-1982 | Париз | Франција | 1 – 0 | Унгарија | Пријателска | - | 79' | |
10-11-1982 | Ротердам | Холандија | 1 – 2 | Франција | Пријателска | - | ||
16-2-1983 | Гимараеш | Португалија | 0 – 3 | Франција | Пријателска | - | 63' | |
23-3-1983 | Париз | Франција | 1 – 1 | Советскиот Сојуз | Пријателска | - | 46' | |
23-4-1983 | Париз | Франција | 4 – 0 | Југославија | Пријателска | - | ||
12-11-1983 | Загреб | Југославија | 1 – 2 | Франција | Пријателска | - | ||
29-2-1984 | Париз | Франција | 2 – 0 | Англија | Пријателска | - | ||
28-3-1984 | Бордо | Франција | 1 – 0 | Австрија | Пријателска | - | ||
1-6-1984 | Марсеј | Франција | 2 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | ||
12-6-1984 | Париз | Франција | 1 – 0 | Данска | Евро 1984 - Прва фаза | - | ||
16-6-1984 | Нант | Франција | 5 – 0 | Белгија | Евро 1984 - Прва фаза | - | ||
19-6-1984 | Сент-Етјен | Франција | 3 – 2 | Југославија | Евро 1984 - Прва фаза | - | ||
23-6-1984 | Марсеј | Франција | 3 – 2 прод. | Португалија | Евро 1984 - Полуфинале | - | ||
27-6-1984 | Париз | Франција | 2 – 0 | Шпанија | Евро 1984 - Финале | - | ||
21-11-1984 | Париз | Франција | 1 – 0 | Бугарија | Квал. за СП 1986 | - | ||
8-12-1984 | Париз | Франција | 2 – 0 | Источна Германија | Квал. за СП 1986 | - | ||
3-4-1985 | Сараево | Југославија | 0 – 0 | Франција | Квал. за СП 1986 | - | ||
2-5-1985 | Софија | Бугарија | 2 – 0 | Франција | Квал. за СП 1986 | - | ||
30-10-1985 | Париз | Франција | 6 – 0 | Луксембург | Квал. за СП 1986 | - | ||
16-11-1985 | Париз | Франција | 2 – 0 | Југославија | Квал. за СП 1986 | - | ||
26-3-1986 | Париз | Франција | 2 – 0 | Аргентина | Пријателска | - | ||
1-6-1986 | Леон | Канада | 0 – 1 | Франција | СП 1986 - Прва фаза | - | ||
5-6-1986 | Леон | Франција | 1 – 1 | Советскиот Сојуз | СП 1986 - Прва фаза | - | ||
9-6-1986 | Леон | Унгарија | 0 – 3 | Франција | СП 1986 - Прва фаза | 1 | ||
17-6-1986 | Мексико Сити | Италија | 0 – 2 | Франција | СП 1986 - Осминафинале | - | ||
21-6-1986 | Гвадалахара | Бразил | 1 – 1 прод. (3 – 4 пен.) | Франција | СП 1986 - Четвртфинале | - | ||
25-6-1986 | Гвадалахара | Франција | 0 – 2 | Западна Германија | СП 1986 - Полуфинале | - | ||
28-6-1986 | Пуебла | Белгија | 2 – 4 | Франција | СП 1986 - за 3-то место | - | 84' | |
10-9-1986 | Рејкјавик | Исланд | 0 – 0 | Франција | Квал. за Евро 1988 | - | ||
11-10-1986 | Париз | Франција | 0 – 2 | Советскиот Сојуз | Квал. за Евро 1988 | - | ||
19-11-1986 | Лајпциг | Источна Германија | 0 – 0 | Франција | Квал. за Евро 1988 | - | ||
16-6-1987 | Осло | Норвешка | 2 – 0 | Франција | Квал. за Евро 1988 | - | ||
19-11-1988 | Белград | Југославија | 3 – 2 | Франција | Квал. за СП 1990 | - | ||
Вкупно | Настапи | 52 | Голови | 1 |
Во 1993 година, Тигана се вратил во Олимпик Лион каде ја започнал својата тренерска кариера. Тој останал во клубот до 1995 година, водејќи го до второто место место во првенството во сезоната 1994-1995. Во 1995 година, тој ја презел тренерската функција во Монако каде останал до 1999 година. Со клубот од Кнежевството освоил една првенствена титула во сезоната 1996-1997 и Суперкупот на Франција 1997. Исто така, следната година тој го водел клубот до полуфиналето на Лигата на шампионите каде биле елиминирани од италијанскиот Јувентус.
Во 2000 година го имал првиот тренерски ангажман во странство кога бил назначен за менаџер на англискиот второлигаш Фулам. Во првата сезона, тој го одвел клубот до промоција од Првата дивизија во Премиер лигата како шампион. Следната сезона, што била прва за Фулам во најсилната фудбалска лига во Англија по повеќе од 30 години, тој го освоил 13. место во Премиер лигата и изборил пласман со клубот во Купот на УЕФА (преку Интертото купот). Во април 2003, тој бил отпуштен иако Фулам не бил во опасност од испаѓање.[2]
Во октомври 2005 година, по повеќе од две години пауза, тој потпишал договор на две и пол години со турскиот клуб Бешикташ, со кои освоил два Купа на Турција (2005-2006 и 2006-2007) и Суперкупот на Турција 2006, пред да го напушти клубот во 2007 година со споразумно раскинат договор.
На 25 мај 2010 година, Тигана се вратил во Франција потпишувајќи за Бордо. Но престојот во клубот за него како тренер не бил пријатен како во времето кога бил играч затоа што постојано бил на граница да добие отказ заради слабите резултати во лигата и заради турбулентниот однос со навивачите кој биле разочарани од неговата работа во тимот кој само две години претходно бил шампион на Франција под водството на Лоран Блан. По поразот на домашен терен од Сошо со 0-4 и вербалните закани кои и биле упатени на неговата шеснаесетгодишна ќерка присутна на трибините, тој ја напуштил клупата на Бордо на 7 мај 2011 година.[3][4]
На 18 декември 2011 година било објавено дека Тигана ќе биде новиот тренер на кинескиот клуб Шангај Шенхуа за сезоната 2012 година. На 15 април 2012 година, Тигана поднел оставка од функцијата поради слабата форма на Шангај Шенхуа, оставајќи го кинескиот клуб во последните пет екипи на табелата во домашната лига.
ИграчКлупскиБордо
Олимпик Марсеј
Репрезентација
Поединечни
|
ТренерКлупскиМонако
Фулам
Бешикташ
Поединечни
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.