Жалфија
род растенија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Жалфијата (науч. Salvia) е род на растенија во фамилијата усноцветни. Името жалфија генерално се однесува на обичната жалфија (Salvia officinalis), но може да се користи и за секој член на овој род. Родот Salvia вклучува близу 700 до 900 видови на грмушки, тревести повеќегодишни растенија и едногодишни растенија со речиси светско распространување. Центарот на диверзитетот и потеклото на овој род по сѐ изгледа дека е Средна и Југозападна Азија. Украсните растенија најчесто се нарекуваат со нивното научно име Salvia.
Оваа статија е за растителниот род наречен Salvia (жалфија). За билката и зачинот Salvia officinalis, видете Обична жалфија. За психоактивната билка, видете Salvia divinorum. Подолу видете ги другите видови од овој род. За името на италијанската општина, видете Савоја ди Луканија.
Кратки факти Salvia, Научна класификација ...
Salvia | |
---|---|
Ливадска жалфија Salvia pratensis | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Lamiales |
Семејство: | Lamiaceae |
Род: | Salvia L. |
Видови | |
види Список на видови од родот Salvia |
Затвори
Блискиот род Perovskia и Phlomis се исто така познати како жалфии. Некои видови од нероднинскиот род Artemisia исто така се познати под името жалфија.