![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bf/Ashley_Young_2018-06-13_1.jpg/640px-Ashley_Young_2018-06-13_1.jpg&w=640&q=50)
Ешли Јанг
англиски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ешли Сајмон Јанг или (англиски: Ashley Simon Young, роден на 9 јули 1985) — англиски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Евертон.
Ешли Јанг | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 9 јули 1985(1985-07-09) (39 г.) | ||
Роден во | Стивениџ, Англија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | &100000000000001750000001,75 м | ||
Позиција | крило, бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 18 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003-2007 |
![]() | 98 | (19) |
2007-2011 |
![]() | 157 | (30) |
2011-2020 |
![]() | 192 | (15) |
2020-2021 |
![]() | 44 | (5) |
2021-2023 |
![]() | 53 | (1) |
2023- |
![]() | 15 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2007-2018 |
![]() | 39 | (7) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012 |
Роден и израснат во Хертфордшаир, Јанг ја започнал својата кариера во Вотфорд, за кого го направил својот прв сениорски настап во 2003 година под раководството на Реј Луингтон. Тој станал стандарден првотимец во сезоната 2004-2005, и бил еден од клучните играчи на Вотфорд во нивна промоција во сезоната 2005-2006. Јанг продолжил да игра добро за Вотфорд и во Премиер лигата, а во јануари 2007 година тој направил трансфер во Астон Вила за сума од 8.000.000 фунти, што подоцна поради одредени додатоци се издигнал на 9.650.000 фунти. Тој брзо го пронашол своето место во почетната постава на екипата од Вила Парк, и со својте добри перформанси за Вила дури заработил место во англиската репрезентација. На 23 јуни 2011 година, Јанг потпишал за Манчестер Јунајтед за непознат надоместок. Тој освоил пет трофеи со Јунајтед, вклучувајќи Премиер лигата во сезоната 2012-2013, ФА Купот во сезоната 2015-2016 и Лига Европа во 2016-2017. Во јануари 2020, Јанг потпишал за Интер, со кој ја освоил Серија А, станувајќи само третиот англичанец кој станал шампион на Италија. Во 2021 година, тој се вратил во Астон Вила, а во летото 2023 потпишал за Евертон.
Од 2007 досега Јанг запишал 39 натпревари за репрезентацијата на Гордиот Албион и постигнал 7 гола. Тој ја претставувал својата репрезентација на Европското првенство 2012. Исто така, во мај 2018 тој бил избран од селекторот Гарет Саутгејт меѓу 23-цата фудбалери на Англија кој се нашле на списокот за Светското првенство 2018 во Русија, на кое Англија го освоила четвртото место.