Етничко чистење во Босанската војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Етничко чистење во Босанската војна се случило за време на конфликтот (1992–95). За време на настанот голем број босански муслимани (Бошњаци) и босански Хрвати биле принудени да ги напуштат своите домови или биле протерани од нивните домови од страна на Армијата на Република Српска и српските паравоени формации.[6][7][8][9] Бошњаците и босанските Срби исто така биле принудени да избегаат или биле протерани од страна на силите на босанските Хрвати, иако во помал број. „Завршниот извештај“ од Советот за безбедност на ООН (1994) навел дека иако постоеле случаи каде што Бошњаците исто така довеле до „сериозни прекршувања на Женевските конвенции и на меѓународното хуманитарно право “, тие не биле вклучени во „систематско етничко чистење“ како што бил случајот со босанските Срби. Било заведено дека „не постои фактичка основа за тврдењето дека постои морална еквивалентност меѓу завојуваните фракции“.[10]
Етничко чистење во босанската војна | |
---|---|
Дел од Босанска војна | |
Изгорени жртви од етничкото чистење преку убиство спроведено во Масакрот во Сребреница | |
Етничка распространетост во општините на Босна и Херцеговина пред (1991) и после војната (1998) | |
Место | Босна и Херцеговина |
Датум | 1992 - 1995 |
Вид напад | етничко чистење, депортација, концентрациони логори, измачување, силување, масивно убиство, геноцид |
Мртви | десетици илјадници убиени[1] помеѓу 1.0[2] и 1.3 милиони[3] депортирани или принудно иселени |
Повредени |
Почнувајќи од 1991 година, политичките немири во Босна и Херцеговина раселиле околу 2.700.000 луѓе до средината на 1992 година, од кои над 700.000 побарале азил во други европски земји,[11][12] што претставува еден од најголемите егзодуси во Европа од Втората светска војна. Севкупно, се проценува дека меѓу 1,0 и 1,3 милиони луѓе биле поместени во кампањите за етничко чистење и биле убиени десетици илјади.
Методите користени за време на босанските кампањи за етничко чистење вбројувале „убиство на цивили, силување, измачувањео, уништување на граѓанска, јавна и културна сопственост, грабежи и пљачки, и присилно преместување на цивилното население“.[13] Поголемиот дел од извршителите на кампањите на етничко чистење биле српски сили, додека повеќето од жртвите беа Бошњаци. Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, поддржан од ООН, осудил неколку функционери за прогон од политички, расен и верски карактер, принудна размена и депортација што претставува кривично дело против човештвото. Покрај тоа, масакрот во Сребреница, исто така спроведен како дел од кампањата за етничко чистење, бил утврден како геноцид.