Ернандо де Сото
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ернандо де Сото (шпански: Hernando de Soto, Херез де лос Кабаљерос, Бадахос 1496 или 1500 — 21 мај 1542, Мисисипи (река) во Арканзас)[1] бил шпански морепловец, истражувач и конквистадор. Имал значајна улога во освајувањето на Панама, Никарагва и Перу заедно со Франсиско Писаро. Неговиот најголем потфат е експедицијата во Северна Америка, денешните САД,[2] каде отишол во потрага по Елдорадо.