From Wikipedia, the free encyclopedia
Енциклопедија на Јонгле или Јонгле Дадиан (на традиционален кинески: 永樂大典, на поедноставен кинески: 永乐大典, на пинјин Yǒnglè Dàdiǎn, буквално Големиот канон или Големите документи од ерата Јонгле) — кинеска компилација на знаењето од тоа време, напишана по наредба на царот Јонгле од династијата Минг, почнувајќи од 1403 година и завршена во 1408 година. Била најголемата позната енциклопедија во светот во тоа време, како и едно од првите дела од ваков вид.
Нејзиниот опсег и големина ја направиле најголемата општа енциклопедија во светот сè додека не била надмината од Википедија на 9 септември 2007, скоро шест века подоцна.[1][2]
Две илјади учени работеле на овој проект под раководство на Јонгле (кој владеел од 1402 до 1424 година), при што вклучиле приближно 8 000 текстови, кои датираат од стариот век до современото раздобје на владејачката династија. Така, тие опфатиле голема разновидност на теми, меѓу кои земјоделство, уметност, астрономија, геологија, историја, медицина, природни науки, религија и технологија, на кои им биле додадени описи на необични природни настани или необјаснети природни појави. Енциклопедијата, која била завршена во 1408 година на Универзитетот во Нанџјинг, во зависност од изворите, првично броела 22 877[3] или 22 937[4] рачно напишани свитоци, поделени во 11.095 тома со вкупен број од приближно 370 милиони синограми[5]. Зафатнината и била проценета на 40 кубни метри[3]. Нејзината улога била да вклучи сè што тогаш било напишано за конфучијанскиот канон, уметностите и општествените и точните науки. На крајот станувало збор за монументална збирка на извадоци и дела извлечени од кинеската култура и книжевност.
Поради својата вонредна големина, енциклопедијата не можела да се печати со дрвени блокови, бидејќи тогашната техника дозволувала помали документи. Се верува дека се направени само две копии, исто така рачно напишани. Изворниот ракопис е изгубен, но се знае дека во 1557 година, под надзор на царот Џјиаџјинг, првиот примерок од делото бил делумно спасен од пожар кој уништил три дворци во Забранетиот Град. По оваа катастрофа, Џјиаџјинг наредил да се направи втор примерок од Енциклопедијата.
Од трите познати копии, само 400 тома преживеале до нашево време. Никој не знае што се случило со првата копија и ниту еден историски документ не дава никакви индиции за оваа тема. Вториот, од своја страна, постепено се шири и поголемиот дел од неговата содржина е изгубена од XVIII век наваму. Преостанатите 800 тома биле делумно уништени од пожарот во Академијата Ханлин, што го започнале кинеските сили за време на нападот против британските окупатори. Свитоците што го избегнале огнот биле пронајдени од Алијансата од осум нации за време на задушувањето на Боксерската буна во 1900 година[6], а сега се чуваат во приватни збирки низ целиот свет.[7]
Никој точно не знае што станало со изворниот ракопис. Најчесто се наведуваат четири хипотези[3]:
Дел од енциклопедијата, што претставува сто од изворните томови, бил објавен на кинески во 1962 година. Конечно, Националната библиотека на Пекинг, чува 221 том од најновиот примерок, објавила[8] дека сака да ги дигитализира фрагментите од енциклопедијата што сè уште ги поседува.
Во мај 2023 година, Конгресната библиотека ја завршила целосната дигитализација на енциклопедијата во 41 том сместени во азискиот дел на оваа институција[9].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.