![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/34/Flag_of_El_Salvador.svg/langmk-640px-Flag_of_El_Salvador.svg.png&w=640&q=50)
Ел Салвадор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ел Салвадор или само Салвадор (шпански: El Salvador), службено Република Ел Салвадор (República de El Salvador) е независна држава во копнениот дел на Средна Америка. Ел Салвадор е најмалата држава во копнениот дел од овој регион, а воедно е и најгусто населена средноамериканска држава. Ел Салвадор се граничи со Хондурас на североисток, со Гватемала на северозапад, а на југ излегува на Тихиот Океан. Главен град на Ел Салвадор е градот Сан Салвадор, кој воедно е и најголем град во државата. Според податоците од 2016 година, Ел Салвадор имал население од околу 6.34 милиони жители.[9] Службен и најзборуван јазик во државата е шпанскиот.
Република Ел Салвадор República de El Salvador (шпански)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Dios, Unión, Libertad“ (шпански) македонски: „Господ, Единството, Слободата“ |
||||||
Химна: Himno Nacional de El Salvador (македонски: Државна химна на Ел Салвадор) |
||||||
![]() |
||||||
![]() |
||||||
Главен град (и најголем) | Сан Салвадор | |||||
Службен јазик | шпански | |||||
Народности |
|
|||||
Демоним | Салвадорци
(Салвадорец/Салвадорка) |
|||||
Уредување | Унитарна претседателска република | |||||
• | Претседател | Најиб Букеле | ||||
• | Потпретседател | Феликс Улоа | ||||
Законодавство | Законодавно собрание | |||||
Независност | ||||||
• | објавена од шпанска управа | 15 септември 1821 | ||||
• | објавена од ФРСА |
12 јуни 1824 | ||||
• | меѓународно признавање[2] | 18 февруари 1841 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 21,041 км2 (148-та) | ||||
• | Вода (%) | 1.5 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | ▲ 6,868,000 | ||||
• | Густина | 303.1 жит/км2 (47-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $79.2 милијарди | ||||
• | По жител | ▲ $14,178 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $41.2 милијарди | ||||
• | По жител | ▲ $6,728 | ||||
Џиниев коеф. (2019) | ![]() среден |
|||||
ИЧР (2024) | ▲ 0.707[4] висок |
|||||
Валута | ||||||
Часовен појас | ЦВЗ (UTC−6) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .sv | |||||
Повик. бр. | +503 | |||||
а. | Во употреба е американскиот долар. Финансиските информации може да се изразат во американски долари и салвадорски колон, но колонот не е во оптег.[8] |
Со векови територијата на Ел Салвадор била населена од американски староседелци, особено народите Пипилци, Ленканци и Маи. На почетокот на 16 век, Шпанската Империја веќе презела конкретни воени походи за освојување на, за нив, новооткриениот континент. Така, набрзо територијата на Ел Салвадор била анектирана од страна на Шпанската Империја и влегла во состав на Вицекралството Нова Шпанија со седиште во Мексико. Сепак, иако административно дел од вицекралството, сепак Мексико немал значаен удел или влијание во секојдневниот живот на луѓето од Средна Америка. Во 1609 година се реорганизирала административната поделва на Империјата и се основала Генералната капетанија Гватемала. Ел Салвадор бил дел од оваа капетанија сè до независноста од Шпанија во 1821 година. Сепак, Ел Салвадор не бил сосема независен од туѓо влијание бидејќи првично бил дел од Првата Мексиканска Империја, а со распадот на оваа Империја се создала Федералната Република на Средна Америка во 1823 во која Ел Салвадор бил рамноправен член. Федерацијата се распаднала во 1941 година и Ел Салвадор станал независна држава. Многу набрзо, Ел Салвадор, Хондурас и Никарагва направиле сојуз и нова политичка формација наречена Голема Република на Средна Америка. Оваа република траела од 1895 до 1898 година.[10][11][12] Од тогаш државата функционира како независна суверена република.
Од кон крајот на 19 век па до средината на 20 век, Ел Салвадор трпел хронична политичка и економска нестабилност, која била испреплеена со државни удари, револти и авторитарни управители. Постојаната социјална и економска нееднаквост во државата кулминирала со разорната Салвадорска граѓанска војна која траела од 1979 до 1992 година. Оваа граѓанска војна била воглавно помеѓу владата предводена од военото раковоство на Ел Салвадор и коалицијата на левоориентираните герилски групи. Конфликтот завршил со потпишувањето на мировниот договор од Чапултепек. Со овој договор се воспоставил повеќепартиски уставен систем.
Економијата на Ел Салвадор историски гледано била под доминација на земјоделството. За време на колонијалниот период најзначаен производ или култура која се одгледувала во државата било растението индигофера.[13][14] Покрај тоа растение, во државата (тогаш колонијата) се одгледувало и кафето, а тоа производство до средината на 20 век сочинувало околу 90% од вкупниот извоз на државата.[15][16] Во скоро време Ел Салвадор ја намалил зависноста од производството на кафе и државата презела мерки за зголемување на разновидноста на економијата преку отворање на трговски и финансиски врски и преку проширувањето на прозиводството.[17]
Ел Салвадор се рангира на 16 место помеѓу латиноамериканските држави во поглед на Индексот на човеков развој и четврта во Средна Америка, воглавно поради тековната нагла индустријализација.[18]