Елена (месечина)
месечина на Сатурн / From Wikipedia, the free encyclopedia
Елена е месечина на Сатурн. Откриена е од Пјер Лак и Жан Лекашо во 1980 година со набљудување од Пик ду Миди Опсерваторијата,[1] и била означен како S/1980 S 6. [4] Во 1988 година го добила официјалното име по Елена Тројанска, која во грчката митологија била внука на Крон (Сатурн). [5] Елена во 1982 година исто така била означена и како Сатурн XII (12), и како Диона Б,[6] затоа што е коорбитална со Диона и се наоѓа во нејзината предна Лагранжова точка (L4). Таа е една од четирите познати тројански месечини.
Поглед на водечката полутопка на Елена, кој ги прикажува каналите на Елена и очигледните текови (реголит од прашина) (Касини, Јуни 2011) | |
Откривање [1] | |
---|---|
Откривач | Пјер Лак Жан Лекашо |
Откриено во | Пик ду Миди Опсерваторија |
Откриено | 1 март 1980 |
Ознаки | |
Наречена по | Елена Тројанска |
| |
Орбитални особености | |
377.396 km | |
Занесеност | 0,0022 |
2,736915 d | |
Наклон | 0.199° (кон сатурновиот екватор) |
Месечина на | Сатурн |
Физички особености | |
Димензии | 43.4 × 38.2 × 26 km [2] |
Среден полупречник | 17,6 ± 0,4 km [2] |
Албедо | 1,67 ± 0,20 (геометриско) [3] |
Елена била забележана од Земјата во 1980 година, [4] а надлетувањата на Војаџер на Сатурн во раните 1980-ти овозможило запознавање со месечината одблизу. Мисијата Касини-Хајгенс, која отишла во орбитата околу Сатурн во 2004 година, обезбедила уште подобро запознавање и овозможила подлабока анализа на Елена, како и поглед на површината под различни услови на осветлување. Најблиските слики на Елена до денес се направени од вселенското летало Касини кое прелетало на 1800 км од нејзината површина на 3 март 2010 година, а во јуни 2011 година направена била уште една успешна сесија на снимање. Во текот на мисијата Касини имало уште многу други пристапувања.