![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg/langmk-640px-Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg.png&w=640&q=50)
Електрослабо заемодејство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Електрослабо заемодејство — заеднички опис на две од четирите познати основни сили во природата: електромагнетизмот и слабото заемодејство. Иако овие сили изгледат многу различно во секојдневните нискоенергетски појави, обединетата теорија за полето вели дека тие се всушност два аспекта на една иста сила. Кога ќе се надмине обединувачкиот енергетски степен од околу 100 GeV, тие се спојуваат во една електрослаба сила. Ова спојување се случило поради недостатно високата температура на вселената (околу 1015 K потреба за тие да се раздвојат — температура постигната веднаш по Големата експлозија). Опаѓањето на оваа температура со завршетокот на т.н. електрослаба епоха довело до спојување на електромагнетната и слабата сила. За време на електрослабата епоха, електрослабата сила се раздвоила од силната сила, додека пак во кварковата епоха дошло до раздвојување на електрослабата сила во електромагнетна сила и слаба сила.
Во разработката на теоријата за обединувањето на слабото и електромагнетното заемодејство (електрослабата теорија) помеѓу елементарните честички особено се истакнале научниците Шелдон Глешоу, Абдус Салам и Стивен Вајнберг и за својот труд во 1979 г. ја добиле Нобеловата награда за физика.[1][2] Постоењето на електрослаби заемодејства е утврдено по опитен пат во две фази. Во првата фаза (1973) во меруестата комора „Гаргамел“ се пронајдени неутрални струи при расејувањата на неутрината, а во втората (1983) се откриени баждарните бозои W и Z при судирањето на протони со антипротони во прилагоденииот Протонски суперсинхротрон. Во 1999 г. физичарите Герард ’т Хофт и Мартинус Велтман ја добиле Нобеловата награда бидејќи покажале дека електрослабата теорија може да се ренормализира.