![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9f/Steven_weinberg_2010.jpg/640px-Steven_weinberg_2010.jpg&w=640&q=50)
Стивен Вајнберг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стивен Вајнберг (роден 3 мај 1933 - 23 јули 2021 ) — американски физичар.
Стивен Вајнберг | |
---|---|
![]() Стивен Вајнберг во 2010 | |
Роден(а) | 3 мај 1933(1933-05-03) (91 г.) Њујорк, САД |
Живеалиште | САД |
Националност | Американско |
Полиња | Теориска физика |
Установи | Универзитет во Калифорнија, Беркли MIT Универзитет Харвард Универзитет на Тексас, Остин |
Образование | Универзитет Корнел Универзитет Принстон |
Докторски ментор | Сем Трејман |
Докторанди | Орландо Алварез Клод Бернард Леј Нам Ченг Боб Холдом Николас Ц. Цамис Убирахара ван Колк Рафаел Лопес-Мобилија Фернандо Кеведо Марк Г. Рајзен Скот Виленброк Џон Прескил |
Влијаел врз | Алан Гут |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1979) |
Сопружник | Луиз Вајнберг (од 1954; 1 child) |
Вајнберг е најпознат по теоријата дека две основни сили - слабата интеракција и електромагнетната сила - се обединети (унифицирани), т.е. дека дејствуваат на ист начин, при екстремно високи енергии, како оние што постоеле веднаш по Големата експлозија (Биг Бен). Вајберговата таканаречена електрослаба теорија била потврдена при експериментите во акцелераторот на честички во 1973 година. Заедно со своите колеги доби Нобелова награда за физика во 1979 година.
Тој го поседува Josey Regental Chair за Науки на Универзитетот на Тексас во Остин, каде што тој е член на Одделнијата за Физика и Астрономија. Неговите истражувања за елементарните честички и космологијата се почестени со бројни награди и признанија, вклучувајќи ја и Нобеловата награда за Физика во 1979 и во 1991 Националниот Медал за Наука. Во 2004 тој го доби и Медалот Бенџамин Френклин од Американското Филозофско Општество, а доделувањето беше проследено со цитатот дека "Вајнберг се смета за еден најистакнатите живи теоретски физичари денес во светот." Тој бил избран за член на Американската Национална Акадмија на Науки, за член на Британското Кралско Друштвоo, како и за член на Американското Филозофско Општество и Американската Академија на Уетностите и Науките.
Вајнберговите статии на различни теми повремено се појавуваат во The New York Review of Books и во други списанија. Тој работел како консултант во Американската Агенција за контролна на оружје и разоружување, како Претседател на Филозофското Општество на Тексас, како член Одборот на Уредници на списанието Дедал, работел и во Советот на Научници на Билиотекарскиот Конгрес, во групта ЈАСОН составена од консултанти за одбрана, и во многу други одбори и комисии.