Електролит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Електролит е супстанца (киселина, база, сол) што произведува електрицитет кога е растворена во поларен растворувач, како што е водата. Ваквата способност е резултат на нивната дисоцијација на позитивно наелектризирани јони (катјони) и негативно наелектризирани јони (анјони). Понекогаш, јоните псотојат и во чистите супстанции (на пример, во натриум хлоридот). Во тој случај, поларните молекули од водата се собираат околу јоните од цврстата супстанца, ги разделуваат едени од други и потоа ги разнесуваат низ растворот. Во други случаи, поларните молекули од чистата супстанца (на пример, сулфурна киселина) најпрвин се јонизираат, а потоа јоните се оддалечуваат, т.е. доаѓа до дисоцијација.[1] Растворениот електролит се раздвојува на катјони и анјони, кои рамномерно се распрскуваат низ растворувачот. На електрично ниво, таквиот раствор е неутрален. Ако електричен потенцијал е применет на таквиот раствор, катјоните на растворот се привлечени од електродата која има изобилство на електрони, додека анјоните се привлечени од електродата која има недостиг на електрони. Движењето на анјоните и катјоните во спротивни насоки низ растворот предизвикува течение на струја. Ова ги вклучува повеќето растворливи соли, киселини, ибази. Некои гасови, како хлороводород, под услов на висока температура или мал притисок може да функционираат како електролити. Елекролитните раствори исто така можат да се појават заради распаѓањето на некои биолошки (н.п., ДНК, полипептиди) и синтетички полимери (н.п., полистерин сулфонати), наречени „полиелекролити“ кои содржат електричен полнеж. Супстанца која се распрскува во јони низ расворот добива можност за спроводување на електрицитет. Натриум, калиум, хлор, калциум, магнезиум, и фосфат се примери за електролити, неформално познати како „лити“.
Во медицината, замена на елекролити е потребна кога пациентот подолго време има повраќање или дијареа, како одговор на напорната атлетичка активност. Комерцијални електролитни раствори се достапни, особено за болни деца (орален раствор за рехидратација) и за спортисти (спортски пијалаци). Следењето на електролитите е важно кај лекувањето на анорексија и булимија.