Еланд (антилопа)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еланд или обичен еланд, јужен еланд (науч. Taurotragus oryx) — саванско-низинска антилопа од семејството на шуплорогите (Bovidae) која живее во источна и јужна Африка. Прв ја опишал германско-рускиот биолог Петер Симон Палас во 1766 г. Возрасниот мажјак е висок околу 1,6 м (женките се за 20 см пониски) и може да тежи до 942 кг, но просечно 500–600 кг (340–445 кг за женки). Ова е втора по големина антилопа во светот, само малку помала од џиновскиот еланд (Taurotragus derbianus).[3]
Обичен еланд | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Шуплороги |
Потсемејство: | Говеда |
Род: | Еланд |
Вид: | Обичен еланд |
Подвид: |
|
Научен назив | |
Taurotragus oryx (Палас, 1766) | |
Синоними | |
Синоними на видот[2]
|
Примероци на ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[4]
Ова се претежно тревопасни животни и јадат треви и листови. Живеат во стада до 500 и повеќе единки, но не се територијални. Претпочита живеалишта со разновидни цветни растенија како саваните, кориите и отворени и планински тревести предели, а избегнува густи шуми.
Природно се среќаваат во Боцвана, Бурунди, ДР Конго, Етиопија, Кенија, Лесото, Малави, Мозамбик, Намибија, Руанда, ЈАР, Јужен Судан, Свазиленд, Танзанија, Уганда, Замбија и Зимбабве, а порано и во Бурунди и Ангола. Иако бројноста им се намалува, сепак го носат статусот „најмала загриженост“ (LC) доделен од Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN).