Екатерина Волкова
From Wikipedia, the free encyclopedia
Екатерина Генадиевна Волкова (руски:Екатерина Геннадьевна Волкова) (родена на 16 февруари 1978 г. во Курск) — руска атлетичарка на средни патеки која е специјализирана да се натпреварува во трката на 3000 метри со препреки.
Кратки факти Олимписки игри, Светско првенство ...
Освоени медали
|
---|
Затвори
Во првата трка на 3000 метри со препреки на големите натпреварувања, на светското првенство во 2005 одржано во Хелсинки, таа го освоила сребрениот медал со време од 9:20,49, што претставувало нејзин личен рекорд.
На светското првенство во 2007, во Осака, Волкова го освоила златниот медал, а следната година, на Летните олимписки игри 2008, во Пекинг таа успеала да го осови бронзениот медал.