Еднокуќево
село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
Еднокуќево — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.
Еднокуќево | |
Координати 41°25′55″N 22°43′59″E | |
Општина | Босилово |
Население | 634 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 27029 |
Надм. вис. | 215 м |
Еднокуќево на општинската карта Атарот на Еднокуќево во рамките на општината | |
Еднокуќево на Ризницата |
Еднокуќево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина, во близина на патот Струмица-Ново Село и реката Струмуица, која поминува покрај селото. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 8 километри.
Надморската височина во селото е 215 метри додека селото зафаќа површина од 2,3 км2. Од нив целиот атар се обработливо земјиште[2]
Името Еднокуќево претставува сложенка од зборовите „еден“ и „куќа“ со помош на наставката „-ево“, на грчки „ена спити“ – „една куќа“. Името на селото се совпаѓа со името на соседното Моноспитово. Со тоа име селото постои од неговото основање, па сѐ до денешни дни. Месното население селото го нарекува со формата Еднокуќево[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 50 семејства и сите биле утврдени како Македонци[4][5] Но, овој факт е погрешен бидејќи во селото во овој период живееле исклучиво турско население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 650 жители Турци[6].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Турци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 678 жители и претставува средна по големина населба. Во Еднокуќево живеат Македонци и Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 634 жители, од кои 473 Македонци, 127 Турци, 6 Роми, 1 Србин и 27 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 650 | — | 426 | 511 | 501 | 504 | 577 | 668 | 654 | 678 | 634 |
Во селото постои избирачкото место бр. 1814 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 539 гласачи.[14]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 542 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.