From Wikipedia, the free encyclopedia
Едер Милитао (роден на 18 јануари 1998 година, во Сертанзињо) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација.
Едер Милитао | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Едер Габриел Милитао[1] | ||
Роден на | 18 јануари 1998 | ||
Роден во | Сертанзињо, Саун Пауло, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Мадрид | ||
Број | 3 | ||
Младинска кариера | |||
2010–2017 | Саун Пауло | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2017-2018 | Саун Пауло | 49 | (5) |
2018-2019 | Порто | 29 | (3) |
2019- | Реал Мадрид | 75 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2015 | Бразил 17 | 5 | (0) |
2018- | Бразил | 27 | (1) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Централен дефанзивец[2] надарен со одлични физички предиспозиции, игра во воздухот, техника и брзина.[2][3] Благодарение на својата тактичка еластичност[2], исто така, може да игра и странично, како десен бек.[2][3] Тој е добар во давањето на вертикални додавања и во промените на насоката на нападите на својот тим.[3]
Роден во Сертанзињо во државата Саун Пауло, Милитао започнал да игра фудбал во младинските категории на Саун Пауло во 2010 година. Своето деби за првиот тим го имал на 14 мај 2017 година, во поразот со 1–0 на гостувањето кај Крузеиро, во воведниот натпревар на Кампеонато Бразилеиро Серија А 2017.[4] На 12 ноември 2017, тој добил црвен картон во ремито 1-1 со Васко да Гама.[5] Во текот на сезоната во која клубот завршил на 13-тото место, Милитао забележил 22 настапи и постигнал два гола; првиот од неговите голови бил во победата со 2–1 против Виторија на 17 септември.
На 7 август 2018 година, Милитао потпишал петгодишен договор со португалскиот шампион Порто.[6] Тој го направи своето деби во португалската Примеира лига на 2 септември, започнувајќи во победата со 3–0 на домашен терен против Мореиренсе во која тој асистирал за првиот гол на Порто, кој го постигнал капитенот Ектор Ерера.[7] Во текот на следните натпревари, Милитао го зацврстил своето место како централен одбранбен играч во почетните единаесет на Порто, формирајќи партнерство во срцето на одбраната со сонародникот Фелипе.[8]
На 28 ноември, Милитао го постигнал својот прв гол за клубот во победата на домашен терен со 3–1 против Шалке 04 во групната фаза од Лигата на шампионите, со удар со глава по центаршутот на Оливер Торес.[9] На 3 јануари 2019 година, Милитао го постигнал својот прв гол во португалското првенство, во натпревар против Авеш.[10]
Својата единствена сезона во дресот на Порто ја завршил со 47 настапи и 5 голови во сите конкуренции и бил избран во Тимот на годината на Примеира лига.[11]
На 14 март 2019 година, бил објавен неговиот трансфер во Реал Мадрид, кој стапил на сила на 1 јули 2019 година.[12] За доведувањето на Милитао во својте редови, Реал му платил на Порто 50 милиони евра, а играчот потпишал шестгодишен договор со Кралевите. Тој го направил своето деби на 14 септември, влегувајќи како замена за Серхио Рамос во последниот половина час од победата со 3–2 на домашен терен над Леванте.[13] Тој забележал 15 настапи во лигата во текот на сезоната 2019-2020, во која Реал Мадрид ја освоил титулата.[14]
Милитао го постигнал својот прв гол за Реал Мадрид против третологашот Алкојано во шеснаесттинафиналето на Купот на Шпанија на 20 јануари 2021 година; тој го отворил резултатот со удар со глава по центаршутот на Марсело, но неговиот тим на крајот изненадувачки загубил со 2–1 по продолженија.[15] Истата година, на 1 мај, Милитао го постигнал својот прв првенствен гол за Реал во победата со 2–0 над Осасуна.[16]
На 12 септември 2018 година, Милитао го направил своето деби за сениорската репрезентација на Бразил во победата со 5-0 во пријателски натпревар против Ел Салвадор.[17][18][19]
Тој бил повикан за Копа Америка 2019,[20] каде играл малку (меѓудругото поради повреда, иако и не бил највисоко рангиран во хиерархијата на селекторот Тите)[21] само во последните 15-тина минути од финалето против Перу кое завршило со победа на Кариоките од 3-1 за нивна деветта континентална титула.[22]
Статистиката е ажурирана на 2 ноември 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2017 | Саун Пауло | А1/СП+А | 0+22 | 2 | КБ | 0 | 0 | КС | 0 | 0 | - | - | - | 22 | 2 |
2018 | А1/СП+А | 14+13 | 0+1 | КБ | 6 | 1 | КС | 2 | 0 | - | - | - | 35 | 2 | |
Вкупно Саун Пауло | 14+35 | 3 | 6 | 1 | 2 | 0 | - | - | 57 | 4 | |||||
2018-2019 | Порто | ПЛ | 29 | 3 | КП+ЛК | 6+3 | 0 | ЛШ | 9 | 2 | СП | 0 | 0 | 47 | 5 |
2019-2020 | Реал Мадрид | ПД | 15 | 0 | КШ | 2 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | СШ | 0 | 0 | 20 | 0 |
2020-2021 | ПД | 14 | 1 | КШ | 1 | 1 | ЛШ | 6 | 0 | СШ | 0 | 0 | 21 | 2 | |
2021-2022 | ПД | 34 | 1 | КШ | 2 | 1 | ЛШ | 12 | 0 | СШ | 2 | 0 | 50 | 2 | |
2022-2023 | ПД | 11 | 2 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | СШ+СУ+Скп | 0+1+0 | 0 | 16 | 2 | |
Вкупно Реал Мадрид | 74 | 4 | 5 | 2 | 25 | 0 | 3 | 0 | 107 | 6 | |||||
Вкупно во кариерата | 152 | 10 | 20 | 3 | 36 | 2 | 3 | 0 | 211 | 15 |
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.