Египетски пирамиди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Египетските пирамиди се антички пирамидално обликувани ѕидни конструкции кои се наоѓаат во Египет. Постојат 138 пирамиди откриени во Египет до 2008 година. Повеќето биле изградени како гробници за фараоните на земјата и нивните сопруги за време на периодите на Старото и Средното Кралство. Најрано откриените египетски пирамиди се наоѓаат во Сакара, северозападно од Мемфис. Најраната меѓу нив е пирамидата на Џосер (изградена 2630 п.н.е.-2611 г. п.н.е.) која била изградена во текот на третата династија. Оваа пирамида и нејзиното целокупно опкружување биле дизајнирани од архитектот Имхотеп и генерално се сметаат за најстарите монументални градби во светот конструирани од обликуван камен и малтер. Најпознатите египетски пирамиди се оние кои се наоѓаат во Гиза, во предградието на Каиро. Неколку од пирамидите во Гиза се вбројуваат меѓу најголемите градби што некогаш биле изградени. Пирамидата на Куфу во Гиза е најголемата египетска пирамида. Таа е едно од седумте чуда на античкиот свет кое сè уште постои.
Пирамидите во хиероглифи | ||||