Европско првенство во фудбал 2020 - група А
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал 2020 - група А била една од шестте групи на Европското првенство 2020 и во неа се натпреварувале репрезентациите на Турција, Италија (еден од домаќините на првенството), Велс и Швајцарија.
Матична статија: Европско првенство во фудбал 2020.
Натпреварите се одиграле на два стадиони Олимпико во Рим и Олимпискиот стадион во Баку, од 11 до 20 јуни 2021 година.[1]
Од оваа група понатаму минале Италија, Велс и Швајцарија, последната како една од четирите најдобри третопласирани репрезентации.