Европско првенство во фудбал 2016 - група Д
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во фудбал 2016 - група Д била една од шестте групи на Европското првенство 2016 и во неа се натпреварувале Шпанија, Чешка, Турција и Хрватска. Оваа група се сметала за најсилна на првенството по квалитетот на репрезентациите и го носела епитетот Групата на смртта. Во неа има два поранешни европски шампиони - актуелниот Шпанија (три кратен шампион и победник на последните две изданија) и Чешка (еднаш победник, како Чехословачка). Натпреварите се одиграле од 12 до 21 јуни 2016 година.
Матична статија: Европско првенство во фудбал 2016.