Европско првенство во кошарка 2013
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европското првенство во кошарка 2013 или Евробаскет 2013 е 38. европско првенство во организација на ФИБА Европа. Се одржало во Словенија од 4 до 22 септември и на него учествувале 24 европски селекциии.[1]
Кратки факти Мрежно место, Детали за турнирот ...
Европско првенство во кошарка 2013 | |
---|---|
38 европско првенство во кошарка | |
![]() | |
Мрежно место | |
http://www.eurobasket2013.org/en/ | |
Детали за турнирот | |
Домаќин | Словенија |
Датуми | 4–22 септември |
Тимови | 24 (од 51 федерации) |
Сали | 5 (во 4 градови) |
Затвори
Како потенцијални кандидати за одржување на првенството се пријавиле Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Германија, Италија и Словенија. Кандидатурите требало да бидат поднесени до 31 август 2010 година.[2] На 5 септември 2010 година било објавено дека само држави поднеле кандидатура, Италија и Словенија.[3] Подоцна, Италија се повлекла[4] и Словенија ја добила организацијата. На 24 март 2011 година било објавено дека домаќини на првата фаза ќе бидат градовите Цеље, Јесенице, Копер и Љубљана. Љубљана ќе биде домаќин на финалната фаза.