From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во кошарка — главен настан во кошарка одржуван на две години на кој учествувааат машките кошаркарски репрезентации членки на ФИБА Европа, европското подрачје во рамките на Меѓународната кошаркарска федерација. Првенството првпат било одржано во 1935 година и вообичаено се одржува на секои две години од 1947 година; започнувајќи од 2017 година, ќе се промени на четири години.[1] Од 2017 година, исто така ќе служи и како квалификациски турнир за Летните олимписки игри и Светското првенство во кошарка. Најуспешна земја е сега непостоечкиот Советски Сојуз со четиринаесет титули, додека Шпанија биле прваци во 2009 и 2011 година. Франција е најнеодамнешен првак, освојувајќи го Европското првенство во 2013 година.
Спорт | Кошарка |
---|---|
Основана | 1935 |
Број на екипи | 24 |
Држава | членки на ФИБА Европа |
Тековен првак | Франција (1. титула) |
Најмногу титули | СССР (14 титули) |
Портал | www.FIBAEurope.com www.EuroBasket.com |
24 европски екипи заземаат дел од крајниот настан. Квалификациите кои постоеле до Европското првенство во 2011 година дозволувале 16 екипи да настапат. Осум места биле пополнувани од домаќинот и првите седум земји на претходното првенство. Преостанатите екипи од дивизијата А настапувале во квалификациски турнир. Таму, биле поделувани во четири групи. Секоја група играла двојна тура. Првата екипа во секоја екипа се пласирала на првенството. Најдобрите три од четирите второпласирани исто така се пласирале.
Од десетте екипи кои не се квалификувале на квалификацискиот турнир, шесте најдобри добивале уште една шанса во дополнителни квалификации. Преостанатите четири се бореле за место на опстанок, бидејќи две екипи оделе во дивизијата Б (и биле заменувани од двете најдобри екипи од дивизијата Б).
Крајниот избор бил одредуван од дополнителен квалификациски турнир. Шесте екипи биле поделени во две групи од по три екипи, каде секоја група играла со секој двапати. Првата екипа во секоја група играла во финалето против најдобрата екипа од другата група; победникот го добивал последното место на првенството.
Евроското првенство користело различни формати на натпреварувањето, поаѓајќи од разигрување секој со секого еднаш во 1939 година до троен турнир, кој моментално се користи.
Моменталниот формар започнува со прелиминарна фаза. Дваесет и четирите квалификувани екипи се делат во четири групо од по шест екипи и секога група игра разигрување секој со секого. Најдобрите три екипи во секоја група (12 вкупно) напредуваат во следната фаза. Двете групи од по шест екипи во квалификациската фаза се мешавина од екипите на прелиминарните групи: групите А и Б ја создаваат група Е, додека групите Ц и Д ја создаваат група Ф. Резултатите од претходната фаза се пренесуваат, а секоја екипа игра еднаш против екипи од другата прелиминарна група во квалификациската група.
Најдобрите четири екипи во секоја екипа напредуваат во одлучувачката фаза. Се работи за турнир на исфрлање, каде се одигруваат и дополнителни натпревари за бронзениот медал за губитниците во полуфиналињата и за местата од петтото до осмото место за губитниците во четвртфиналињата.
Табелата на медали подолу ги прикажува националните репрезентациите според соодветна табела на ФИБА.[3]
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | СССР | 14 | 3 | 4 | 21 |
2 | Југославија+ Југославија | 8 | 5 | 4 | 17 |
3 | Литванија | 3 | 2 | 1 | 6 |
4 | Шпанија | 2 | 6 | 3 | 11 |
5 | Италија | 2 | 4 | 4 | 10 |
6 | Грција | 2 | 1 | 2 | 5 |
7 | Чехословачка | 1 | 6 | 5 | 12 |
8 | Франција | 1 | 2 | 5 | 8 |
9 | Русија | 1 | 1 | 2 | 4 |
10 | Унгарија | 1 | 1 | 1 | 3 |
11 | Латвија | 1 | 1 | 0 | 2 |
Германија | 1 | 1 | 0 | 2 | |
13 | Египет | 1 | 0 | 1 | 2 |
14 | Полска | 0 | 1 | 3 | 4 |
15 | Бугарија | 0 | 1 | 1 | 2 |
16 | Израел | 0 | 1 | 0 | 1 |
Турција | 0 | 1 | 0 | 1 | |
Србија | 0 | 1 | 0 | 1 | |
19 | Хрватска | 0 | 0 | 2 | 2 |
Total | 38 | 38 | 38 | 114 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.