![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a7/Dujiang_Weir.jpg/640px-Dujiang_Weir.jpg&w=640&q=50)
Дуџјиангјан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Систем за наводнување Дуџјиангјан (кинески: 都江堰; пинјин: Dūjiāngyàn) — древен систем за наводнување во Дуџјиангјан, Сечуан, Кина. Системот првично бил изграден околу 256 г. пр. н. е. од државата Чјин како проект за наводнување и спречување поплави и како таков сè уште се користи и денес. Инфраструктурата на системот се развива на реката Мин, најдолгата притока на реката Јангце. Областа е во западниот дел на рамнината Ченгду, помеѓу Сечуанската Котлина и Тибетската Висорамнина. Првично, реката Мин се спуштала од планините Мин и брзо успорувала кога ќе стигнела до рамнината Ченгду, полнејќи го речното корито со тиња заради што блиските области биле исклучително подложни на поплави. Кралот Џао од династијата Чјин нарачал проект и изградба на Дуџјиангјан. Проектот се засновал на нов метод на канализирање и распределување на водата во реката, наместо едноставно да ја оградува со брана. Оваа шема за управување со водите сè уште се користи денес за наводнување на над 5.300 km² земјиште во областа[1] и донела големи придобивки во контрола на поплавите, наводнувањето, пренесувањето вода и општото користење на водата.[2] Започнал пред повеќе од 2.250 години и денес наводнува 668.700 хектари земјоделско земјиште. Дуџјиангјан, каналот Џенгуо во Шааншји и каналот Лингчу во Гуангшји се заедно познати како трите големи хидраулични инженерски проекти на Чјин.[3]
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
![]() Систем за наводнување Дуџјиангјан | |
Место | Дуџјиангјан, Ченгду, Сечуан, Кина |
Дел од | Планина Чјингченг и Системот за наводнување Дуџјиангјан |
Критериум | културно: (ii)(iv)(vi) |
Навод | 1001 |
Запис | 2000 (XXIV заседание) |
Координати | 31°0′6″N 103°36′19″E |
Системот за наводнување Дуџјиангјан бил впишан на Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2000 година. Прогласен е и за приоритетно заштитено подрачје на земјата, во првата група национални живописни и историски места и за национално демонстративно подрачје ISO14000.[2]