![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0f/Tangent_to_a_curve.svg/langmk-640px-Tangent_to_a_curve.svg.png&w=640&q=50)
Допирка
права која допира точка на крива / From Wikipedia, the free encyclopedia
Допирка[1] или тангента[2] (латински: tangere - допира) — права во геометријата која во дадена точка допира крива. Пример за допирки се железничките шини, кои тркалата на возовите ги допираат во по една точка. Допирката и кривата во точката на допир имаат ист правец.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0f/Tangent_to_a_curve.svg/320px-Tangent_to_a_curve.svg.png)
Во случај на круг, сите прави во иста рамнина можат да бидат секанти, допирки или пасанти – зависно од тоа дали со кружницата имаат две, една или ниедна заедничка точка. Допирката на кружница е нормална на полупречникот кој одговара на точката на допир.
За дадена крива на реална функција , допирката
во точката
претставува правец кој има ист наклон како и функцијата. Тој наклон претставува први извод на функцијата
во точката
, кој се запишува како
. Оттука, апроксимираната вредност во околината е:
.
Допирката е најприближна линеарна апроксимација на функцијата во точката на допир
:
за