Договорот од Кампо Формио (денешен Кампоформидо ) ― мировен договор меѓу Франција и Австрија со кој завршила првата фаза од Револуционерните војни. Потпишан е на 17 октомври 1797 година[1][2] од Наполеон Бонапарт и грофот Филип фон Кобенцл како претставници на Француската Република и Австриската монархија, соодветно.[3][4] Договорот следел по примирјето од Леобен (18 април 1797 година), кој Хабсбурзите го потпишале по победничкиот поход на Наполеон во Италија. Со овој договор завршила војната на Првата коалиција, а Велика Британија останала сама да се бори против револуционерна Франција.

Место

Кампо Формио, денес наречено Кампоформидо, е село западно од Удине во историскиот регион Фриули во североисточна Италија.

На 18 јануари 1798 година, австриските трупи влегле во Венеција, а три дена подоцна, одржале официјален прием во Дуждовата палата, каде што Лудовико Манин бил почесен гостин.[5]

Услови од договорот

Thumb
Карта на Средна Европа по Договорот од Кампо Формио.

Покрај вообичаените клаузули за „цврст и неприкосновен мир“, со договорот било предвидено многу австриски територии да ѝ припаднат на Франција. На Франција ѝ припаднале Австриските Ниски Земји (поголемиот дел од денешна Белгија). Териториите на Република Венеција биле поделени меѓу двете држави: одредени острови во Средоземно Море, како Крф и другите венецијански поседи во Јонско Море им биле предадени на Французите, а градот Венеција со Тераферма (Венецијанско копно), Венецијанска Истра, Венецијанска Далмација и регионот околу Которски Залив му биле предадени на хабсбуршкиот цар. Австрија ги признала Цисалпската Република и новосоздадената Лигурска Република.

Исто така, државите од Кралството Италија формално престанале да му должат верност на светоримскиот император, со што конечно било прекинато формалното постоење на тоа кралство (Кралството Италија), кое, како лична сопственост на царот, најмалку од 14 век постоело de jure но не и де факто.

Договорот, исто така, содржел тајни клаузули потпишани од Наполеон и претставници на светоримскиот цар,[6] со кои биле поделени одредени други територии, Лигурија станала независна и се дало согласност за проширување на границите на Франција до Рајна, Нета и рекаѕа Рур. Франција можела слободно да плови по Рајна, Меза и Мозел. Француската Република била проширена во области кои никогаш порано не биле под француска контрола.

Договорот бил составен и потпишан по петмесечни преговори.

Наводи

Извори

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.