From Wikipedia, the free encyclopedia
Димитрис Друцас (грчки: Δημήτρης Π. Δρούτσας) е поранешен Министер за надворешни работи на Република Грција.
Димитрис Друцас Δημήτρης Π. Δρούτσας | |
---|---|
Министер за надворешни работи | |
На должноста 7 октомври 2009 – 17 јуни 2011 | |
Претседател | Карлос Папуљас |
Претходник | Јоргос Папандреу |
Лични податоци | |
Роден(а) | 5 август 1968 Никозија, Кипар |
Националност | ГРК |
Партија | ПАСОК |
Установа | Виенски универзитет |
Професија | правник, политичар |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Друцас е роден на 5 август 1968 година во Никозија, Кипар. Во 1994 година дипломирал право на Виенскиот универзитет. По дипломирањето работел како асистент во Центарот за истражување на Универзитетот во Виена за економија и бизнис. Во текот на 2011 година, грчкиот весник Димократија издал статија во која го негира професорскиот статус на Друцас и единствената титула што тој ја стекнал во Австрија била сениор асистент во истражувачкиот центар на факултетот.[1]
Во исто време, тој бил и правн советник на министерот за надворешни работи на Австрија, Волфганг Шисел, од 1998 до 1999 година.[2]
Во 1999 година, Друцас се вратил на Грција за да послужи како специјален советник на министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Папандреу. Од најважните прашања за зејмјата, тој ја советувал владата за политичко зближување со Турција и решавање на кипарското прашање.
Во 2004 година бил назначен за претседател на дипломатскиот кабинет на ПАСОК. Од 2008 година служел како потпарол на ПАСОК. По победата на Парламентарните избори во 2009 година, тој станал секретар за надворешна политика и меѓународни односи.[2] На 7 септември 2010 година, Друцас бил назначен за министер за надворешни работи на Грција.[3] Неговата прва турнеја како министер за надворешни работи била на Блискиот Исток од 17 октомври - 20 октомври со посета на Јордан, Израел, Египет и Либан[4][5].
По последната реконструкција на Владата на Република Грција, Друцас од 17 јуни 2011 година повеќе не е министер за надворешни работи.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.