Диего Роберто Годин Леал (шпански изговор: [ˈdjeɣo ɣoˈðin]; роден на 16 февруари 1986 во Розарио) — уругвајски фудбалер, играч од одбраната на Интер и на уругвајската репрезентација.

Кратки факти Диего Годин, Лични податоци ...
Уругвај Диего Годин
Thumb
Лични податоци
Полно име Диего Роберто Годин Леал
Роден на 16 февруари 1986(1986-02-16)(38 г.)
Роден во Розарио, Уругвај
Висина 1.85 м
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 2
Младинска кариера
Дефенсор Спортинг Дефенсор Спортинг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2006 Серо 63 (6)
2006–2007 Насионал Насионал 26 (0)
2007–2010 Виљареал Виљареал 91 (4)
2010–2019 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 277 (17)
2019– Интер Интер 1 (0)
Репрезентација
2005– Уругвај Уругвај 108 (8)
* Ажурирано на: 18 мај 2014
** Ажурирано на: 28 јуnи 2014
Затвори

Клупска кариера

Рани години / Вилјареал

Годин ја започнал својата фудбалска кариера во Серо на 17 годишна возраст. По неговите добри настапи, тој потпишал за уругвајскиот прволигаш Насионал Монтевидео, каде за брзо време станал капитен на тимот поради неговата зрелост и професионализам.

Во август 2007, Годин потпишал петгодишен договор шпанскиот прволигаш Виљареал,[1] постигнувајќи погодок во својот втор натпревар, во поразот од 2-3 против Осасуна на 7 октомври.[2] Во својата прва сезона во шпанската Ла Лига, тој одиграл 24 натпревари и бил дел од најдобриот пласман на Виљареал кој завршил на второто место. Тој ја зацврстил својата почетна позиција во наредните сезони, најчесто играјќи со аргентинецот Гонсало Родригес во срцето на одбраната.

Атлетико Мадрид

На 4 август 2010, откако ја одиграл својата најдобра сезона во Виљареал - 36 натпревари, три гола - Годин потпишал со Атлетико Мадрид петгодишен договор.[3] Својот прв настап за Колчонеросите го имал на 27-ми истиот месец, одигрувајќи го целиот натпревар во победата од 2-0 против италијанскиот гигант Интер во УЕФА Супер Купот 2010.

На 1 ноември 2013, Годин потпишал нов договор со Атлетико, кој го обврзува да остане во клубот до 2018 година. Тој изјавил: "Возбуден што го продолжив мојот престој во клубот. Ова е мојот дом".[4] Во сезоната 2013-14, тој постигнал четири гола за Атлетико[5][6][7] вклучувајќи го оној во последното коло на 17 мај 2014 против Барселона со кој го израмнил резултатот на 1–1 и му ја донел титулата на клубот по 18 години.[8] Една недела подоцна, повторно со глава, тој го постигнал водечкиот гол за Атлетико во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, но сепак на крајот Реал ја освоил титулата победувајќи со 4–1.[9]

Репрезентативна кариера

На само 19 годишна возраст, Годин го имал својот прв настап за Уругвај, во пријателскиот натпревар помеѓу Мексико, во Гвадалахара. Тој исто така бил дел од тимот на Уругвај на Копа Америка 2007.

Годин бил избран во составот на Уругвај за Светското првенство 2010 во Јужна Африка, започнувајќи го натпреварот против Франција (0–0), а потоа бил дел и од наредните четири натпревари каде Уругвај стигнал до полуфиналето.

Во 2011, Годин бил дел од успешниот настап на Уругвај на Копа Америка 2011, забележувајќи еден настап како измена во поразот од 3–0 од Парагвај во финалниот натпревар.[10] Тој исто така бил дел од уругвајскиот тим на Купот на Конфедерации во 2013 кој стигнал до полуфиналето, и му бил партнер на Диего Лугано во одбраната во четири од петте натпревари кои ги одиграл Уругвај.

Годин бил избран од страна на Оскар Табарез во Уругвајскиот тим за Светското првенство 2014.[11] На 24 јуни, Годин со глава го постигнал единствениот гол на натпреварот против Италија во последниот натпревар од групната фаза, со што уругвај се пласирал во елиминационата фаза.[12]

Голови во дресот на Уругвај

Повеќе информации #, Датум ...
#ДатумМестоПротивникГолРезултатНатпреварување
1.27 мај 2006Стадион Црвена Ѕвезда, Белград, Србија Србија и Црна Гора1–11–1Пријателски натпревар
2.16 август 2006Стадион Александрија, Александрија, Египет Египет0–10–2Пријателски натпревар
3.18 октомври 2006Естадио Сентенарио, Монтевидео, Уругвај Венецуела1–04–0Пријателски натпревар
4.24 јуни 2014Арена дас Дунас, Натал, Бразил Италија0–10–1Светско првенство 2014
Затвори

Успеси

Клуб

Атлетико Мадрид

Уругвај

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.