Дејвид Ли Рот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дејвид Ли Рот (анг: David Lee Roth; роден на 10 октомври 1954 година) [1] е американски рок пејач. Најпознат е по својата дива и енергична сценска изведба, и по тоа што бил оригиналниот фронтмен на хард рок групата Ван Хален; трипати од 1974 до 1985 година, во 1996 година и повторно од 2006 година до нивното распуштање во 2020 година.[2] Познат е и како успешен соло пејач кој објавил многу златни и платински албуми сертифицирани од RIAA.[3] По повеќе од две децении, Рот повторно се придружил на Ван Хален во 2006 година за турнејата во Северна Америка (2007-2008) која станала турнеја со највисока заработка во историјата на бендот и една од турнеите со највисока заработка таа година.[4] Во 2012 година, Рот и Ван Хејлен го издале албумот A Different Kind of Truth. Во 2007 година, бил примен во Рокенрол Куќата на славните како член на Ван Хален.
Дејвид Ли Рот | |
---|---|
Дејвид Ли Рот во 2008 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Дајмонд Дејв |
Роден(а) | 10 октомври 1954(1954-10-10) (69 г.) Блумингтон, Индијана, САД |
Жанрови |
|
Занимања |
|
Период на активност | 1972–2022 |
Мреж. место | davidleeroth.com |