Дејан Станковиќ
српски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дејан Станковиќ, (роден на 11 септември 1978 година во Белград) — поранешен српски фудбалер кој наголемиот дел од својата кариера го помина во италијанската Серија А во Лацио и Интер и за српската репрезентација во фудбал, каде беше долгогодишен капитен. Тој игра на позицијата среден напаѓач, но исто така игра и на крилните позиции или пак може да биде само во одбранбена улога. „Деки“ е неговиот прекар, и најмногу е познат по неговото делотворно, прецизно додавање, но исто така и по подвижноста и креативноста како и неговата вештина да постигнува голови од далечина. На 13 јуни 2010 година, Станковиќ стана првиот фудбалер кој претставувал три различни држави на светските првенства на ФИФА, Југославија, Србија и Црна Гора и Србија.
Дејан Станковиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Дејан Станковиќ | ||
Роден на | 11 септември 1978 | ||
Роден во | Белград, СФРЈ, денес Србија | ||
Држава |
Југославија Србија и Црна Гора (2003-2006) Србија (од 2006) | ||
Висина | &100000000000001810000001,81 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 11 октомври 2013 (35 години) | ||
Младинска кариера | |||
1992-1994 | Црвена ѕвезда | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1994-1998 | Црвена ѕвезда | 85 | (30) |
1998-2004 | Лацио | 137 | (22) |
2004-2013 | Интер | 231 | (29) |
Репрезентација ‡ | |||
1998-2003 | СР Југославија | 40 | (8) |
2003-2006 | Србија и Црна Гора | 21 | (4) |
2006-2013 | Србија | 42 | (3) |
† Учества (Голови). |