Децата од Љуљаjљако
From Wikipedia, the free encyclopedia
Децата од Љуљаjљако [1] (шпански: Los Niños del Llullaillaco), познати и како Мумиите од Љуљаjљако, се три детски мумии од Инките откриени на 16 март 1999 година од археолошкиот тим предводен од Јохан Рајнхард во близина на врвот на Љуљаjљако (6739 м.), стратовулкан на границата меѓу Аргентина и Чиле. Децата биле жртвувани во религиозен ритуал на Инките што се одржал околу 1500 година. Во овој ритуал трите деца биле дрогирани со кока и алкохол [2] а потоа ставени во мала комора (1,5 метри) под земја, каде што биле оставени да умрат.[3] Според Рајнхард, мумиите „изгледа се најдобро сочувани мумии на Инките пронајдени воопшто“, а другите археолози сметаат дека се меѓу најдобро сочуваните мумии во светот.[4][5][6]
На 20 јуни 2001 година, аргентинската Национална комисија за музеи, споменици и историски места ги прогласила Децата од Љуљаjљако за национална историска сопственост на Аргентина.[1] Од 2007 година мумиите се изложени во Музејот за археологија во аргентинскиот град Салта.