![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0d/Rose-20190120_%2528cropped%2529.jpg/640px-Rose-20190120_%2528cropped%2529.jpg&w=640&q=50)
Дерик Роуз
Американски кошаркар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дерик Роуз (англиски: Derrick Martell Rose; роден на 4 октомври 1988, во Чикаго, Илиноис) е американски кошаркар, плејмејкер на Њујорк Никс.
|
Роуз играл една година колеџ-кошарка за Мемфис Тајгерс пред да биде избран како прв пик од Чикаго Булс на НБА драфтот во 2008 година.[1] Откако бил избран за Руки на годината, потоа тој на возраст од 22 години, станал најмладиот играч кој ја добил наградата за Најкорисен играч во НБА во 2011.
Роуз се борел со значителен број на повреди на коленото во текот на неговата кариера, почнувајќи од сезоната 2010–2011 во која бил избран за најкорисен играч. Во првото коло од НБА плејофот 2012 против Филаделфија Севентисиксерс, Роуз ги скинал ACL лигаментите на левото колено, по што бил опериран и последователно ја пропуштил целата сезона 2012–2013.[2] Тој се вратил во акција во сезоната 2013-2014, играјќи 10 натпревари во регуларниот дел од сезоната. Сепак, на 22 ноември 2013 година, за време на натпреварот против Портланд Трејлблејзерс, Роуз го повреди десниот менискус поради што морал да го пропушти остатокот од сезоната.[3] Роуз повторно се вратил на паркетот во сезоната 2014-2015, но повредите на коленото продолжиле да го ометаат, поради пропуштил 30 натпревари. Во јуни 2016 година, тој бил трејдуван во Њујорк Никс. После една сезона со Никс, Роуз му се приклучил на Кливленд Кавалирс во јули 2017 година, но последователно бил трејдуван и истовремено отпуштен во Јута Џез следниот февруари. Во март 2018 година, тој потпишал со Минесота Тимбервулвс. Во јули 2019 потпишал за Детроит Пистонс.