епархија на МПЦ-ОА From Wikipedia, the free encyclopedia
Дебарско-кичевска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква која го опфаќа југозападниот дел на Македонија и е со седиште во градот Охрид. На чело на епархијата Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Тимотеј, кој ја носи титулата Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки.[1] Ги опфаќа градовите Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Брод. Дебарско-кичевската епархија вкупно зафаќа 3565,1 км2. Во нејзин состав се наоѓаат вкупно 14 општини, 5 градови, 262 села.[2]
| |
Митрополитска резиденција | |
Основач | МПЦ |
Независност | |
Признавање | православие |
Поглавар | Тимотеј |
Седиште | Охрид |
Територија | Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Македонски Брод |
Власт | |
Јазик | македонски, старословенски |
Верници | |
Портал | http://www.dke.org.mk/ |
Охрид како македонски православен центар, е седиште на оваа епархија. Тука се наоѓало седиштето на древната Охридска Архиепископија, која неканонски била укината во 1767 година, но повторно возобновена како Македонска православна црква во 1967 година, на Црковно народниот собор во катедралната црква на охридските архиепископи „Света Софија“.
Со возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, на 17 јули 1967 година, на Третиот црковно народен собор, се возобновила и древната Величка епархија со седиште во Охрид. Само после една година, на одржаниот Црковно народен собор на 17 октомври 1968 година, со одлука бр. 538, древната Величка епархија е преименувана во Дебарско-кичевска епархија, повторно со седиште во Охрид.
Во оваа епархија се наоѓаат следниве познати цркви и манастири:
Епархијата е поделена на четири архијерејски намесништва, и тоа: Охридско, Струшко, Кичевско, Бродско и Дебарско.
Охридското архијерејско намесништво е поделено на следниве парохии:
Струшкото архијерејско намесништво е поделено на следниве парохии:
Кичевското архијерејско намесништво е поделено на следниве парохии:
Дебарското архијерејско намесништво се состои само од Дебарско-реканската парохија
Бродското архијерејско намесништво е поделено на следниве парохии:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.