Дамаск
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дамаск (арапски: دمشق Dimashq) — главен град и најверојатно најголемиот град во Сирија, по падот на населението на Алеп поради Битката за градот. Градот во Сирија е познат како ash-Sham (арапски: الشام) како и со прекарот „град на јасминот“ (арапски: مدينة الياسمين Madīnat al-Yāsmīn). Покрај тоа што е еден од најстарите постојано населени градови во светот[4], Дамаск е главен културен центар на Левант и арапскиот свет. Градот има проценето население од 2.503.000 лица од 2022 година[3].
Дамаск دمشق | |||
---|---|---|---|
Град | |||
| |||
Прекар(и): Град на Јасминот (مدينة الياسمين) Al-Fayhaa (الفيحاء)[б 1] | |||
Земја | Сирија | ||
Гувернерија | Дамаск, Главен град | ||
Управа | |||
• Гувернер | Бишр ал Сабан Al Sabban | ||
Површина[2] | |||
• Град | 105 км2 (41 ми2) | ||
• Градска | 77 км2 (29,73 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000680000000680 м | ||
Население (2022 est.)[3] | |||
• Град | 2,503,000 | ||
• Густина | 22,220,8/км2 (57,551,3/ми2) | ||
Демоним | англиски: Damascene арапски: دمشقي Dimashqi | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Повик. бр. | Код на земја: 963, Код на град: 11 | ||
Геокод | C1001 | ||
Клима | Пустинска клима | ||
Мреж. место | damascus.gov.sy | ||
Службен назив: Стар град Дамаск | |||
Тип: | Културно | ||
Критериуми: | i, ii, iii, iv, vi | ||
Прогласено: | 1979 (3-та сесија) | ||
Број | 20 | ||
State Party: | Сирија | ||
Регион: | Арапски земји | ||
Градот се наоѓа во југозападна Сирија и претставува центар на голема метрополитенска област од 2,6 милиони луѓе (2004)[5]. Географски вграден во источното подножје на планината Антилибан на 80 километри од источниот брег на Средоземјето на 680 метри надморска височина, Дамаск има степска клима поради дождовниот ефект. Реката Барада тече низ Дамаск.
Првото населување на градот се случил во вториот милениум п.н.е., и во текот на својата историја Дамаск бил избран за главен град на Омејадскиот Калифат од 661 до 750 година. По победата на династијата на Абасидите, седиштето на исламската власт била преместена во Багдад. Дамаск забележал политички пад за време на ерата на Абасидите, но повторно добил значење во периодите на Ајубидите и Мамелуците. Денес, Дамаск е седиште на централната влада и сите владини министерства.