Грција на урнатините на Мисолонги (француски: La Grèce sur les ruines de Missolonghi) ― маслена слика од 1826 година на францускиот сликар Ежен Делакроа, а сега е зачувана во Ликовниот музеј во Бордо. Оваа слика била вдахната од Третата опсада на Мисолонги од страна на османлиските сили во 1826 година, за време на која многу луѓе од градот по долгогодишната опсада (речиси една година) решиле да се обидат да направат масовен пробив за да избегаат од глад и епидемии. Обидот резултирал со катастрофа, при што поголем дел од Грците беа убиени.

Кратки факти Творец, Година ...
Грција на урнатините на Мисолонги
Thumb
Творец Ежен Делакроа
Година 1826
Димензии 208 см × 147 см
Место Ликовен музеј - Бордо, Бордо
Затвори

Анализа

Грција е прикажана како клекната жена која го зазема најголемиот дел од сликата. Таа е облечена во традиционална грчка носија, нејзините гради се широко голи, а ги рашири рацете во знак на тага. Раката на мртвата жртва може да се види како излегува од урнатините, под нејзините стапала. Во позадина, маж со темен тен, облечен во жолт турбан, кој го симболизира непријателот, засадува знаме во земјата.[1]

Сликата позајмува елементи од христијанството. Навистина, „Грција го прифаќа ставот на молитва во раните векови на христијанството. Синиот мантил и белата наметка, традиционално се припишуваат на Безгрешното зачнување, ја зајакнуваат оваа аналогија со световната фигура на Марија овде. Силата на сликата е остриот контраст помеѓу традиционалната алегорија која поттикнува идеализација на моделот и обработка на сцената без никаква отстапка кон идеалот.“[2]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.