![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a9/Lytras_-_Execution_of_Gregory_V.jpg/640px-Lytras_-_Execution_of_Gregory_V.jpg&w=640&q=50)
Григориј V Цариградски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Григориј V Цариградски — вселенски патријарх во три наврати од 1797 до 1798 година, од 1806 до 1808 и од 1818 до 1821 година. Тој имал голема улога во обновата на црквата „Свети Ѓорѓи“-Истанбул, која била оштетена од пожар во 1738 година. Во периодот на избувнувањето на Грчката војна за независност, како етнарх на православниот Милет Григориј V бил обвинет од султанот Махмуд II за неспособност да го сузбие грчкото востание, иако ги осудил грчките востанички дејства за да ги заштити христијаните во Цариград од репресалиите на Турците. Угнетувањата започнале за време на светата недела во 1821 година, откако грчките побуненици постинале успех во борбите со отоманските војски на Пелопонез.
Григориј V Цариградски | |
---|---|
![]() | |
Вселенски патријарх, великомаченик | |
Роден(а) | 1746, Димицана |
Починал(а) | 22 април 1821, Цариград |
Почитуван(а) во | православие |
Главно светилиште | Атина |
Слава | 10 април |
Спорови | Избран во 1797 година но протеран на Света Гора, Македонија во 1798 година, бил повторно избран во 1806 и протеран на Принцовските Острови па повторно во Света Гора во 1810 година за повторно да биде избран во 1818 година |
Тој бил изнесен од црквата „Свети Ѓорѓи“ - Истанбул на 22 април 1821 година, Велигден, веднаш по прославувањето на Велигденската литургија, и обесен (во патријархиска одежда) и висел два дена на портата на патријаршијата по наредба на султанот[1] по што следел масакар на христијанското население во Цариград.
Во негово сеќавање, портата на Св. Петар, во еден период главна порта на патријаршијата, била заварена во 1821 година и останала заварена до денес.