From Wikipedia, the free encyclopedia
Одежда (руски и старословенски: облека) — церемонијална облека на православните свештеници во богослужбата. Исто така, во иста смисла, овој збор го користат и унијатите. Во историски и регионален контекст, овој збор се користел за церемонијална облека на владетели, витези, кралеви, благородници;
Во раното христијанство, свештениците носеле облека слична на секојдневната облека, но од скапоцени материјали и ја носеле само за време на богослужбите. Постоеле и одежди налик на старозаветните. Христијанската црква, чувајќи го преданието, во подоцнежните векови не го променила значително обликот на старите одежди.
Црковните одежди се со одредени бои, од кои секоја има посебно значење. Белата е симбол на радост, чистота и просветлување. Црвената боја има значење на крв што ја пролеале Христос и неговите ученици, апостоли, светци и маченици. Зелената боја е симбол на надеж за вечно блаженство, стекнато преку заслугите на Исус Христос и дарот на Светиот Дух. Црната и темноцрвената боја претставуваат каење и тага.
Самите одежди го предупредуваат свештеникот побожно да ја врши богослужбата и го потсетуваат на доблестите со кои треба да се одликува.
Секоја свештена одежда мора да биде осветена од епископ или свештеник. Кога се облекуваат одеждите, се изговараат молитвите пропишани со типик. Одеждите може да се користат само за богослужбени цели. Што се однесува до бојата на црковната облека, на почетокот белата била доминантна боја. Подоцна, во време на пости биле воведени пурпурни или црни одежди, а во текот на годината и црвени, зелени, златна и други во текот на годината. Најчесто се извезени и украсени.
Секој од трите степени на православното свештенство има своја облека.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.