From Wikipedia, the free encyclopedia
Граѓанската војна во Либија започнала како низа протести и судири на 15 февруари 2011 година во Либија, како знак на противење на 42-годишното владеење на Моамер ел Гадафи со земјата. Во почетокот, главните барања на демонстрантите биле протерување на Гадафи и демократизација на земјата. До крајот на февруари, демонстрациите ескалирале со вооружен судир помеѓу бунтовниците и поддржувачите на Гадафи. Бунтовниците започнале да бележат успеси, зазимајќи го градот Бенгази и поголемиот дел од источниот дел од Либија и предизвикувајќи граѓанска војна во земјата. Гадафи во тоа време ја контролирал престолнината Триполи и западниот дел од земјата. Кон почетокот на март, силите на Гадафи започнале контраофанзива против бунтовниците, зазимајќи неколку крајбрежни градови како Брега, Па Лануф и Бин Џавад. По овие настани, властите биле подложени на голем меѓународен притисок, по кое на 18 март бил прогласен прекин на огнот. Но, по само неколку часа откако Гадафи прифатил прекин на огнот, ООН одобрила меѓународна воена интервенција против Гадафи.
Фактографската точност на оваа статија или поднаслов може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
Либиско востание | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Арапски протести | ||||||||
Градови контролирани од силите на Гадафи (до 19 март) |
||||||||
|
||||||||
Завојувани страни | ||||||||
Анти-гадафски сили
Оружје резерви: | Членки на ООН: | Поддржувачи на Гадафи
Воена поддршка: Оружје резерви: |
||||||
Команданти и водачи | ||||||||
Абдул Фатах Јунис[26] Омар Ел-Харири[27] | Никола Саркози Франсоа Фијон | Муамер Гадафи |
||||||
Сила | ||||||||
8,000 војници (во Бенгази)[28] Saaiqa 36 Battalion (on the front)[29] 5,000 volunteers (3 March; anti-Gaddafi claim)[30] | 10,000–12,000 (според Ал Џезаира )[31] |
Неколку држави, главно членки на НАТО, остро ги осудиле прекумерната употреба на сила над цивилното население од страна на Гадафи[32]. Канада, САД, Јапонија, Австралија, Велика Британија, Франција, Јордан и Русија наметнале санкции против Гадафи, забранувајќи му патување во овие земји, заедно со членовите на неговото семејство и високите функционери кои соработуваат со него. Обединетите нации и Советот за безбедност донеле првична резолуција за замрзнување на средствата на Гадафи и неколку десетици членови на неговиот внатрешен круг од соработници, како и ограничување на неговото патување. Резолуциојата исто така била прифатена и од страна на Меѓународниот кривичен суд[33].
На 10 март, Франција го признала Преодниот национален совет на Либија за единствен законски претставник на либискиот народ[34]. На 17 март била одобрена уште една резолуција според била воведена зона на забранети летови над Либија и преземање на сите неопходни мерки за заштита на цивилите и цивилните населени места кои се под закана на Либиската Арапска Џамахирија, вклучувајќи го и градот Бенгази, како и прекин на огнот помеѓу провладините сили и анти-гадафските сили[35]. На 19 март, Франција и Велика Британија официјално ги објевиле своите воени интервенции под раководство на Обединетите Нации. Истиот ден, коалициските сили започнале со напаѓање на либиските воени возила, додека пак американските и британските проектили ги нападнале клучните либиски цели[36].
Моамер ел Гадафи на власт во Либија дошол во 1969 година, кога преку пат на револуција вовел еден вид на монархија[37]. По повлекувањето на Фидел Кастро во 2008 година и смртта на Омар Бонго во 2009 година, Гадафи е водач кој најдолго ја извршува функцијата шеф на државата, кој не е член на едно кралско семејство[38]. Во текот на своето владеење, тој своите роднини и лојални членови од своето племе ги поставил на најзначајните позиции, маргинализирајќи ги своите соперници.
Либија како земја е богата со нафтени деривати. Приходите од нафтата претставуваат 58% од БДП на земјата[39]. Но и покрај тоа, бројот на невработеност во земјата е околу 21 %, што е највисока во регионот, според последните податоци[40]. Куповната моќ во земјата по глава на жител е $14,878, а неговиот индекс на човечки развој во 2010 година бил 0,755. Стапката на писменост во 2009 година изнесувала 87%. Овие бројки се пониски за разлика од Египет и Тунис[41]. Голем дел од либиските граѓани сметаат дека се добро образовани, и дека имаат висок стандард на живеење[42]. Неговата перцепција на корупцијата во 2010 година била 2,2, што е полош индекс од она на Египет и Тунис, двете соседни земји во кои претходно избувнало востание[43]. Голем дел од приходите на земјата од нафта биле потрошени за купување на оружје и за спонзорирање на милитаризмот па дури и тероризмот во светот[44][45].
Самото востание претставува дел од Арапските протести на Блискиот Исток и Северна Африка, кои претходно резултирале со протерување на долгогодишните претседатели во Тунис и Египет[46]. Друштвените медиуми имале голема улога во организацијата на опозицијата[47].
Според индексот за слобода на печатот од 2009 година, Либија е најголемата цензурирана земја во Блискиот Исток и Северна Африка. Гадафските револуционерни комитети наликуваат на дел од историските системи. Околу 20% од Либијците директно работат под контрола на овие комитети. Надзорот власта го спроведува во фабриките, образовниот и култрниот живот на земјата[48]. Ангажирање на политички разговори со странски дипломати е кривично дело казниво со затвор од три години. Во образовниот систем се отстранети изучувањето на странските јазици[49][50].
Во текот на 13 јануари и 16 јануари, во градот Бенгази избувнале мирни протести чии барања била властите да обезбедат домување на народот, односно изградба на поголем број на објекти за живеење[51][52]. На 27 јануари, владата одвоила $24 билиони од инвестицискиот фонд за домување и развој. кон крајот на јануари, Џамал ел-Хаџи, писател, политички коментатор и сметководител, повикал преку интернет на демонстрации, кои ќе се одржат во поддршка за поголема слобода во Либија, инспириран од она што претходно се случило во Египет и Тунис. Тој на 1 февруари бил уапсен.
Вечерта на 15 февруари 2011 година, околу 200 демонстранти започнале протести пред една полициска станица во градот Бенгази, главно поради апсењето на либискиот активист за човекови права, Фети Тарбел. Тој е познат по тоа што соработувал со семејствата на жртвите од 1996 година, кога околу 1.000 луѓе се верува дека биле погубени[53]. Во текот на вечерта, помеѓу 500 и 600 демонстранти се собрале пред седиштето на полицијата, извикувајќи слогани. Протестот бил растурен од страна на полицијата насилно. Така, околу 40 луѓе биле повредени.[54].
На 17 февруари.[55][56][57] биле одржани антивладини протести под слоганот Ден на гневот. Самите протести биле организирани преку друштвената мрежа Facebook. Демонстрантите извикувале пароли, со кои барале оставка на премиерот Ал Багдади Али ал Махмуди, но немало и барања за повлекување на долгогодишниот либиски водач Моамер Гадафи.
Протестите на Денот на гневот се одржале во четири града во Либија[58]. Во Бенгази, владин орган пуштил 30 затвореници од затворот, со цел да ги спречат демонстрантите[58][59][60] . Неколку демонстранти биле убиени од страна на снајперисти и огнено оружје кое доаѓало од хеликоптери. Во лондонскиот весник Evening Standard проценуваат дека биле убиени луѓе. Ал Џезира на англиски проценува дека најмалку 14 биле убиени од претходниот ден (16 февруари).
ХРВ на своето мрежно место известила дека демонстрации имало во уште најмалку четири градови: Ел-Бајда, Аџдабија, Завија и Дарна. Видео снимки од ел-Бајда прикажале окрвавени тела во мртовечница и демонстранти како ја палат општинската зграда и уништуваат споменик на таканаречената „зелена книга“, која ја содржи идеологијата на Гадафи.
Силите за безбедност отвориле оган врз демонстрантите кога демонстрантите се доближиле до имотот кој Гадафи го користи кога доаѓа во посета на градот.
Во текот на 19 февруари, протестите и немирите, биле прекинати мрежните места, а во некои делови на земјата била исклучена и електричната енергија, што дополнително го отежнало потврдувањето на информациите кои доаѓаале. Според непотврдени извештаи, во Дарна, источно од ел-Бајда, полициските станици биле евакуирани. Весникот „Деа“, во сопственост на синовите на Гадафи, објавил дека во градот двајца полицајци биле линчувани. Непотврдени извештаи велат и дека на повеќе места војниците ги смениле страните бидејќи не сакале да пукаат во своите сограѓани. Во престолнината Триполи не биле забележани поголеми немири. Провладиниот весник „Ел-Заф Ел-Акдар“ ја пренел заканата на властите дека „ќе одговорат насилно и силовито“ на секаков вид на протест, бидејќи не смеело да се поминуваат „црвените линии“
Во текот на 20 февруари, протестите и нередите продолжиле[61]. Според информациите, лекарите во болниците потврдиле дека бројот на жртвите од немирите во Бенгази се искачил на околу 200-300 луѓе[62]. Муслиманските свештеници и племенските водачи од целата земја повикале да се стави крај на крвопролевањето од страна на режимот во земјата и владата да се повлече[63]. Во текот на денот, големи немири се појавиле и во главниот град Триполи. Не постојат сеште информации околу евентуални жртви во Триполи[64].
Според изјави на сведоци, главно поради целосната контрола над медиумите, немало можност да се потврдат бројот на жртвите или повредените во нередите. Пристапот до интернет во Либија бил целосно блокиран исто како и мобилната телефонија а државната телевизија ги игнорирала протестите и прикажувала снимки од поддржувачи на Гадафи кои воодушевено го поздравуваат.
Синот на Гадафи, Саиф ел-Ислам Муамер ел-Гадафи на 21 февруари предупредил дека земјата е на работ на граѓанска војна, свикувајќи го генералното собрание[65][66]. Тој се обратил со зборовите дека владата нема да попушти во намерите на демонстрантите.
Демонстрантите ја запалиле зградата на либиската влада. Немирите продолжиле во текот на целата ноќ помеѓу демонстрантите и силите за безбедност за контрола врз Триполи. Од покривите снајперисти стрелале врз толпата, а приврзаниците на Гадафи дивееле пукајќи од автомобили во движење. Саиф Гадафи признал дека војската и полицијата направиле грешки, но подека бројот на загинати е мошне помал од пријавениот. Од Хјуман Рајтс Воч соопштиле дека до сега загинале над 250 луѓе и нивниот број расне од минута во минута[67].
САД извршил притисок на Либија да не ги задушува протестите.
Во Бенгази, демонстрантите ја презеле контролата на улиците, и го заплениле украденото оружје од главните безбедносни штабови. Демонстрантите, исто така, го спуштиле либиското знаме од главниот суд и истото било заменето со знамето на старата монархија во земјата[68]. Воздухопловните воени авиони и хеликоптери започнале воздушни напади врз демонстрантите[68][69]. Двајца високи пилоти од воздушните сили побарале политички азил, откако им било наредено да фрлаат бомби врз демонстрантите[70].
Гадафи дал кратка изјава на државната телевизија[71]. Во неа тој изјавил дека би сакал да зборува со младите на Зелениот плоштад, но тоа не се остварило бидејќи заврнало дожд. Оваа изјава следела откако се појавиле шпекулации дека Гадафи се наоѓа надвор од земјата, односно дека тој заминал за Венецуела[72]. Тој исто така изјавил: „Не верувајте им на извештаите на оние џукели“"[73].
Според изворите, либиската морнарица ги гранатирале демонстрантите од морето, а Гадафи наводно издал наредба за да се овори оган врз демонстрациите[74]. Либиските поморски бродови наводно биле забележани во близина на брегот со Малта. Од друга страна пак, малтешките на неколкупати го негирале тоа.[75].
Поранешниот амбасадор во Индија, Али ел-Есави изјавил дека стравува од негово повторно враќање во Либија, и тој исто така потврдил дека борбените авиони биле употребени за бомбардирање на цивилните демонстранти, и дека странски платеници биле дојдени во земјата за да го поддржат бунтот[76]. Многу либиски дипломатски поднелеоставки во знак на протест против насилството, дел од нив побарале на Гадафи да му се суди за злосторства против човештвото[77].
Поранешниот британски министер за надворешни работи изјавил дека е потребна брза воена интервенција[78]. Австриската армија соопштила дека воздушниот простор околу Триполи бил затворен, но подоцна ја повлекле оваа изјава[79]. Австрискиот министер за одбрана изјавил: „Еден наш извор вели дека на почетокот воздушниот простор во Либија бил затворен, но подоцна нашиот авион бил во можност да ја напушти земјата...“[80].
Некои очевидци изјавиле дека илјадници африкански платеници биле пренесени во Триполи за да го задушат востанието[81]. Така, Гадафи би можело да се потпира на својата армија од околу 5.000 војници, и покрај тоа што знае дека не може да ја врати Либија. Од друга страна, ова влијае дополнително до зголемување на цената на нафтените деривати, како и до потполно уништување на инфраструктурата на земјата[82].
Случувањата во Либија претставувале повод за итна седница на Советот за безбедност на ООН - Бан Ки Мун и американскиот државен секретар Хилари Клинтон побарале итен прекин на крвопролевањето. Во Европската Унија започнале разговорит за воведување на санкции за режимот на Гадафи.
Во меѓувреме, започнале да ги извлекуваат своите државјани од земјата, Кина, Русија, Египет, Хрватска, Србија. Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги предупредил на граѓаните да не патуваат во Либија, на оние кои се таму им порачале да се обидат да ја напуштат со редовните летови кон Европа. Насилството во Либија ја довело до зголемување на цената на нафтата, на берзата во Њујорк барел лесна нафта се продавало се 94 долари во Европа барел брент нафта се продаваше за 107 долари[77].
Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хаг побарал од либискитеата државата да се слушаат барањата на луѓето[83]. Министерот за надворешни работи на Луксембург ситуацијата во Либија ја нарекол геноцид и повикал на масовна интервенција од страна на меѓународната заедница. Тој потврдил дека е потребно да се спречи влегувањето на воените платеници да влегуваат во земјата. Самиот Гадафи го нарекол болен и опасен тиранин[84]. Преку целосно прекинување на дипломатските врски со владата на Либија, и Африканската уУнија спровела безбедносен состанок за брзо менување на состојбата во Либија.
Едно од најголемите племиња во земјата, Варфала, исто така упатило повек до другите племенски заедници да се приклучат кон отпорот на Гадафи[83].Мустафа Мохамед Абуд ал Џелеил, министер за правда на земјата, кој поднел оставка на 21 февруари во знак на протест поради „прекумерна употреба на насилство" против демонстрантите, побарал од либиската војска за да го отстранат "тиранинот Моамер Гадафи"[83]. Тој исто така тврдел дека Гадафи лично го наредил бомбардирањето на Локерби во 1988 година[85].
Јусуф Савани, висок помошник на синот на Гадафи, поднел оставка од функцијата „изразувајќи разочарување против насилството"[83]. Голем број од армијата на земјата исто така според некои информации преминала на страната на демонстрантите[86].
Улиците на Триполи биле испразнети по најавените напади врз демонстрантите. Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини изјавил дека има веродостојни извештаи дека околу 1.000 лица се убиени. Фратини, исто така, потврдил дека источниот дел на Либија, веќе не е под де факто под контрола на Гадафи[87]. Непотврдени извештаи сугерирале дека владата контролира само неколку делови од Триполи и јужниот пустински град Сабха[88]. Мишурата било потврдено дека се наоѓа под контрола на демонстрантите[89]. Двете крајбрежни делови, Триполитанија и најголем дел од северната Киренајка, биле во рацете на бунтовниците до средината на денот[86].
Водачот на револуцијата во надреалистичен говор рекол дека тој е Либија. Гневно тропајќи со раката порачал: „Сè уште не сум наредил употреба на сила, не сум наредил да се испука ниеден куршум, но кога ќе наредам, сè ќе гори“[90]. Тој исто така додал: „Мажи, жени, девојки и момчиња што го сакате Гадафи. Од утре излезете од домовите сите што ја поддржувате револуцијата Гадафи, славата Гадафи, гордоста на Либија“.
Во текот на 24 февруари, демонстрантите под своја контрола го ставиле градот Тобрук. Дел од жителите на градот ја прославувале победата над Гадафи. Притоа, било мафтано со поранешното либиско знаме кое било во официјална употреба од 1951 до 1969 година, пукале со пиштоли во возудх и слично. Дел од војниците и офицерите се приклучиле кон прославата на демонстрантите. командантите ветиле дека ќе ја бранат слободната територија со своите животи откако Гадафи се заканил дека крвнички ќе се одмазди. Во падот на централната власт, жителите формирале јавната одбрана комисија за безбедност. На новоформираните безбедносни контролни пунктови, демонстрантите делеле вода во шишиња. Градовите и населените места во близина на Триполи биле пријавени дека потпаѓаат под контрола на демонстрантите, додека во Триполи полицијата сè уште патролираа по улиците за да ги спречи демонстрациите.
Ал Каеда најавила дека тие ќе го поддржат либиското востание. Гадафи одговорноста за бунтот во неговата земја ја префрлил на екстремистичката организација Ал Каеда. Телевизијата Ал Џазира прикажала снимки од полициска станица во пламен, кои наводно потекнуваат од градот Ас-Савија во близина на Триполи, како и снимки со околу 20 мртви тела, на кои рацете им се заврзани одзади. Ал Џазира информирала дека станува збор за убиство на лица, кои се противеле да пукаат врз демонстрантите. Очевидец информирал дека војниците во градот Ас-Савија отвориле оган и врз џамија. Според очевидци, градот нападнат од приврзаниците на Гадафи наликувал на „кланица“.[93]
Синот на Гадафи, Саиф ал Ислам во меѓувреме ги демантирал информациите за воздушни напади врз бегалци од Либија. Тој изјавил: „Да се зборува за стотици, илјадници жртви и воздушни напади, е смешно“. Ал Саади пак, друг син на Гадафи во телефонско интервју за „Фајненшл тајмс“ изјавил дека 85% од територијата на земјата била „мирна и безбедна“. Најмладиот син на Гадафи, Саиф ел-Араб, изјавил дека се придружил на демонстрантите во Бенгази и дал коментар дека Моамер Гадафи, најверојатно, ќе изврши самоубиство или ќе побегне во Латинска Америка ако протестите успеат[94].
НАТО расправал за ситуацијата на вонредна седница. Како што изјавил генералниот секретар Андрес Фог Расмусен, се правиле планови за хуманитарна помош и евакуација. За можната акција изјавил дека била потребна одлука од сите земји челенки на алијансата. Гадафи дал интервју, но по телефон во кое се споредил со британската кралица, односно дека тој имал единствено симболична власт. Сè уште не е познато дали тој ова интервју го дал од земјата, или пак побегнал во странство. Од друга страна пак, поранешниот либиски министер за правда Мустафа Галил предупредил дека Гадафи има големо количество од хемискиот боен отров иперит и дека нема да се двоуми да го употреби врз цивили[95].
На 26 февруари, САД вовеле санкции кон Либија, прекинувајќи ги дипломатските односи и замрзнувајќи ги сметките на семејството на Гадафи и на неговите најблиски соработници. Во меѓувреме бунтовниците ги зазеле градовите Мисрату и Зуару на западот на земјата. Синот на Гадафи, Саит, изјавил дека нема да ги напаѓаат бунтовниците и изразил надеж дека до крајот на денот би можело да биде постигнат договор за прекин на огнот. Следниот ден, Советот за безбедност на ОН едногласно изгласало санкции кон Либија. Тие предвидувале замрзнување на имотот, забрана за патување на семејството Гадафи и на блиските соработници и ембарго за увоз и извоз на оружје. Во исто време од меѓународниот кривичен суд се побарало да се испита насилството, бидејќи тоа би можело да се смета за злосторство против човештвото.
Кон почетокот на месец март, воените немири во Либија продолжиле. На 2 март, ООН едногласно го суспендирала членството на Либија во Советот за човекови права. Арапската лига пак изгласала резолуција против воена интервенција на либиско тло.
Американскиот Сенат усвоил резолуција со која побарал од Гадафи да поднесе оставка. Претходно, американските сили ги распоредиле своите бродови во Средоземно Мморе за евентуална акција на НАТО во Либија. Во Медитеранот навлегле бродот-амфибија „USS Kearsarge“ со 50 хеликоптери и авиони за вертикално летање и транспортниот амфибиски брод „USS Ponce“.
Во меѓувреме, трупите лојални на Гадафи ги засилиле нападите и го зазеле на 5 март пристанишниот град Рас Лануф. По овој успех на силите на Гадафи, новата воена офанзива била насочена кон градот Завија. Во текот на овие дејствија загинале најмалку 35 лица, а силите на Гадафи успеале да навлезат во градот и во истиот да постават свои пунктови. Во текот на следниот ден, акциите за повраќање на своите територии заземени од страна на бунтовниците продолжиле во Мисрат. Гадафи излегол со изјава дека неговата земја е ставена под заговор за колонизација.
Во текот на 10 март, опозицијата и силите на Гадафи воените дејства ги продолжиле во Бин Џавад. гадафи испратил воени бродови да ги гранатираат нејзините позиции во крајбрежните градови. Истиот ден, тајните служби на Гадафи заробиле и претепале една од телевизиските екипи на Би-Би-Си која се обидела да се пробие до гранатираниот град Завија. Тројцата новинари 20 часа биле жртва и сведоци на суровоста на режимот - биле тепани со боксови и клоци, а дури со кундаци. На 14 март, Гадафи воспоставил констрола над Брега.
Во текот на 15 и 16 март, силите на Гадафи продолжиле со наредувањето .Силите на режимот го бомбардирале либискиот град Ајдабија, последен пред главното упориште на бунтовниците - Бенгази. Гадафи во обраќање на телевизија им понудил амнестија на бунтовниците. Следниот ден бил заземен градот. Во поредното интервју, Гадафи во говор во Триполи повторно ги нарекол бунтовниците „стаорци и џукели“ и го обвини западот дека „сака да ја украде либиската нафта“. Планот за зазимање на Бенгази започнал да се прави. ООН изјавиле дека стравуваат нападот на Бенгази дека би можел да доведе до голем број цивилни жртви. Генералниот секретар Бан Ки Мун им порачал на либиските власти дека ќе одговараат за смртта на цивилите.
На 18 март, ООН одобрил воздушни напади врз Либија. Во меѓувреме, од притисок од сè поизвесната воена интервенција на западните сили, либиската влада повикала на итен прекин на огнот со образложение дека постапува согласно резолуцијата на Советот за безбедност, која предвидува зона на забранети летови со цел да се заштитат цивилите од нападите на силите на полковникот Гадафи. Следниот ден, на 19 март, француските борбени авиони ја извршиле првата воена задача во Либија, каде било погодено и уништено воено возило на либиската армија. Според информациите, француските воени авиони ќе го штитат бедемот на опозицијата во Бенгази од нападите на војските на Гадафи. Претходно либиските владини трупи влегле во градот Бенгази принудувајќи ги бунтовничките сили на повлекување и покрај барањата од меѓународната заедница за моментален прекин на огнот.
На 19 март, BBC NEWS објавил дека француските воздухопловни сили испратиле 19 борбени авиони на растојание од 100 км до 150 км од градот Бенгази, со цел да се спречи напад врз бунтовниците кои го контролирале градот[96]. "Нашите воздушни сили ќе спротивстават на каква било агресија од страна на полковникот Гадафи против населението од Бенгази ", изјавил францускиот претседател Никола Саркози. BBC NEWS објавил дека во 16:59, француски воен авион уништило едно либиско воено возило. Ова било потврдено од страна на француското Министерство за одбрана[97].
во исто време Пентагон соопштил дека американските и британските сили отвориле оган над 20 либиски воздушни и копнени одбранбени системи[98]. Во истата зона оперираат 25 коалициски бродови и 3 американски подморници. CBS New's објавил дека авионите B-2 врлиле над 40 бомби над главниот либиски аеродром[99][100][101][102].
Либиската државна телевизија објавила дека либиските сили собориле еден француски воен авион над Триполи[99]. Ова категорично било негирано од страна на француските сили и соопштиле дека сите авиони се вратиле во воздушната база по своите акции[103]. На 20 март било соопштено дека неколку ракети од типот Storm Shadow биле лансирани кон целите на Гадафи од страна на британските авиони. Во текот на истиот ден, во главниот град избувнал голем пожар.
Според Ал Џезира, бројот на жртвите во градот Бенгази е најмалку 200 загинати. Според податоци на Human Rights Watch, жртвите до 19 февруари биле 104[104], додека следниот ден тој број бил демантиран и бројката на жртвите според истиот извор бил 62[105]. Според други извори пак, овие бројки се движат околу 220, и тоа само во градот Бенгази[106]. Според Меѓународната коалиција против воените злосторници, до 22 февруари бројот на жртвите вил 519, околу 3.980 биле повредени, а над 1.500 се водат како исчезнати[78].
Според Human Rights Watch, бројот на жртвите до 22 февруари, бројот на жртвите бил 233 луѓе[107][107].
На 23 февруари италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини изјавил дека според неговите информации 1.000 луѓе починале во немирите[108][109].
На 25 февруари, Нави Пилај, Висок комесар за човекови права на Обединетите нации, изјавил дека повеќе од 1.000 луѓе биле убиени или повредени.[110].
Меѓу припадниците на безбедносните сили имало повеќе од 300 мртви, вклучувајќи ги и платениците. На 18 февруари, двајца полицајци биле обесени од страна на демонстрантите во Бенгази[111]. Исто така, истиот ден, 50 африкански платеници, пред сè од Чад, биле погубени од страна на демонстрантите во Ал Баида, кога изгореле во една полициска станица[112]. Дополнително, уште 15 заробени платеници биле линчувани во Ал Баида, Бенгази и Дарнах на 18 февруари и 19 февруари[113]. Телата на некои од нив биле изложени и снимени на видео[114][115]. Од 23 февруари, Владата потврдила дека 111 војници биле убиени[116]. На 24 февруари, IFHR изјавила дека 130 војници биле погубени во Бенгази и Ал Баида, откако застанале на страната на демонстрантите[117].
Според некои извори, околу 4.000 луѓе ја преминуваат границата помеѓу Либија и Тунис. Меѓу оние кои побегнале од насилствата се странски државјани , по потекло од Египет, Тунис, Турција, и.т.н[118].
Стотици Американци и други странски државјани се наоѓаат на ферибот, кој сè уште не може да ја напушти Либија поради бурното море. Силни ветрови го попречиле полетувањето на турски воени авиони во рамките на напорите за евакуација. Стејт департментот соопштил дека 167 Американци и 118 граѓани на други држави се на фериботот „Марија Долорес“, кој стоиел на пристаништето Аш Шабаб во Триполи.
Турското Министерство за надворешни работи соопштило дека четири воени товарни авиони со над 400 турски државјани се вратиле во татковината на 25 февруари. Турција евакуирала околу 8.000 од околу 30.000 свои граѓани во Либија. Околу 200 африкански компании работат во африканската земја. Два грчки брода отпловиле во бурното море на 25 февруари со 4.500 кинески државјани за островот Крит. Околу 15.000 Кинези, што е половина од вкупниот број на кинески работници во Либија, се очекува да пристигнат со фериботи на островот Крит и да полетаат со чартер летови за татковината.
Авиони на руското Министерство за вонредни ситуации евакуирале 153 странци, кои работеле по договор со руски компании во Либија[119].
До 24 февруари, околу 30 Македонци биле заглавени во пристаништето на либискиот град Бенгази. Од министерството за надворешни работи изјавиле дека тие се наоѓаат во бегалски камп[120].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.