Граници на Русија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Русија е најглолемата земја на светот која копнено се граничи со 14 меѓународно признаени суверени држави[1] и 2 тесни морски граници со САД и Јапонија. Со неа се граничат и Абхазија и Јужна Осетија, кои се само делумно признаени. Во 2014 г. Русија го припоила Крим, кој дотогаш бил во состав на Украина. Ова е направено по мнозинско изјаснување на населението на претходно спроведен референдум. Сепак, припадноста на овој полуостров кон Русија останува непризнаена од разни земји поради политички причини.
Како прекуконтинентска држава, Русија има граници во Европа и во Азија. Од вкупно 18 граници, 12 се во Европа, а 5 се во Азија, додека пак една е во Беринговиот Проток (помеѓу Северна Америка и Азија).
Државната граница на Русија по руско сметање е долга вкупно 60.932 км, од кои 22.530 км се копнени граници на континентот (7.616 км речни и езерски, 14.509 км сувоземни), а 38.807 км се морски[2][3].