Градиште (Горно Нерези)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Градиште — археолошко наоѓалиште во скопското село Горно Нерези. Претставува градиште со некропола од доцноантичко време.
Повеќе информации Основни податоци ...
„Градиште“ | |
Местоположба | 41°58′53″N 21°23′07″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Горно Нерези |
Општина | Карпош |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Затвори
На 1 км источно од селото, на северните падини на Водно, на издадена карпеста чука со зарамнет врв во облик на триаголник и со димензии од 110 × 105 м се гледаат остатоци од одбранбен бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината на градиштето се гледаат темели од повеќе објекти и множество градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и монети. На северозападното подножје, при обработувањето на земјата се откриени повеќе гробови градени од камени плочи.[1]