Граблива риба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грабливи риби ― хипермесојадни риби кои активно ловат други риби или водни животни, со примери како ајкули, сабјарки, баракуди, штуки/маскелуншки штуки, жолти штуки, костури (гргечи) и лососи. Некои сештојади риби, како што е црвеностомачната пирана, понекогаш може да бидат и грабливи, иако тие не се строго сметани за задолжително грабливи риби.
Популациите на големи грабливи риби во океаните се проценува дека ќе бидат околу 10% од нивните прединдустриски нивоа до 2003 година,[1] и тие се најмногу изложени на ризик од изумирање; имало непропорционално ниво на изумирање на големи грабливи риби за време на Кредо-палеогенското изумирање пред 66 милиони години.[2] Откриено било дека создавањето на морски резервати ги обновува населенијата на големи грабливи риби како што се Serranidae — групер и морски гргеч.[3]
Грабливите риби ги менуваат видовите на плен како одговор на варијациите во нивното изобилство. Ваквите промени во преференциите се непропорционални и се избрани како еволутивно ефикасни.[4] Грабливите риби може да станат штетници ако се воведат во екосистем во кој стануваат нов врховен грабливец. Пример, видот што предизвика многу проблеми во Мериленд и Флорида, е змијоглавестата риба.[5]
Грабливите риби како што се ајкулите, махи-махи, сабјарките и тунита се дел од човечката исхрана и се цел на рибарството, но тие имаат тенденција да концентрираат значителни количини жива во нивните тела доколку се високо во синџирот на исхрана, особено како врховни грабливци, поради биозголемување.[6]
Грабливците се важен фактор што треба да се земе предвид при управувањето со рибарството, а методите за тоа се достапни и се користат на некои места.[7]