Гордост и предрасуда (серија од 1995)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гордост и предрасуда — британска телевизиска серија од шест епизоди снимена во 1995 година. По жанр ,станува збор историска драма, адаптирана по истоимениот роман на Џејн Остин од 1813 година. Режисер на серијата бил Ендру Дејвис, а главните улоги ги толкуваат Џенифер Ели, која го толкува ликот на Елизабет Бенет и Колин Ферт, кој го игра ликот на господинот Дарси. Серијата, во која извршен продуцент била Сју Бертвисел, била реализирана во соработка со британската телевизиска мрежа Би-Би-Си и американската телевизиска мрежа Еј енд И нетворк (англиски: A&E Network). Серијата била премиерно прикажана на првата програма на Би-Би-Си од 24 септември до 29 октомври 1995 година и секоја епизода траела 55 минути. Телевизиската мрежа Еј енд И нетворк, како ексклузивен носител на правата за прикажување на серијата во САД, ја емитувала серијата во три термини во кои биле прикажани по две епизоди. Премиерата на серијата била во САД во периодот од 14 до 17 јануари 1996 година.
Гордост и предрасуда Pride and Prejudice | |
---|---|
Жанр | историска драмска серија |
Заснована на | Гордост и предрасуда од Џејн Остин |
Сценарио на | Ендрју Дејвис |
Режирана од | Сајмон Ленгтон |
Улоги | Џенифер Или Колин Ферт |
Тематски композитор | Карл Дејвис |
Земја на потекло | Обединето Кралство |
Првичен јазик | англиски |
Бр. на серии | 1 |
Бр. на епизоди | 6 |
Производство | |
Продуцент(и) | Сју Бертвисел |
Кинематографија | Џон Кенвеј |
Времетраење | 327 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Би-Би-Си уан |
Звучен формат | Стерео |
Првично прикажување | 24 септември 1995 (1995-09-24) – 29 октомври 1995 (1995-10-29) |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | bbc.co.uk/drama/prideandprejudice/ |
„Гордост и предрасуда“ е просторно и временски сместен во Англија од почетокот на XIX век. Приказната е за петте немажени ќерки на господинот и г-ѓата Бенет откако добростоечкиот и сè уште неженет г-дин Бингли, заедно со неговиот пријател, г-дин Дарси, се преселиле во нивното соседство. Додека најстарата ќерка на г-дин Бенет, Џејн, веднаш почнала да го привлекува вниманието на Бингли, Дарси со големи тешкотии се обидувал да се навикне на новиот живот и околина, поминувајќи го најголемиот дел од своето време постојано надмудрување со втората ќерка на Бенет, Елизабет. Њујорк Тајмс ја опишал серијата како „духовита мешавина од љубовни приказни и социјални интриги, мудро завиени во амбициите и илузиите на провинциската висока класа“.[1]
Серијата добила многу позитивни критики и добила голем број на награди, вклучувајќи ја и телевизиската награда БАФТА за најдобра глумица, која ја добила глумицата Џенифер Или, како и наградата Еми награда за „извонредно поединечно достигнување во дизајнот на костумите за минисерија или телевизиски специјалец“. Сцената што го прикажува Ферт во влажна кошула била оценета „еден од најнезаборавните моменти во историјата на британската телевизија“.[2] Оваа серија ја инспирирала авторката Хелен Филдинг Бриџит Џоунс. Во филмската адаптација на еден од романите, Ферт го играл Марк Дарси,човекот во кој е заљубена Бриџит.