Remove ads
американски весник From Wikipedia, the free encyclopedia
The New York Times или Њујорк Тајмс е американски дневен весник основан во Њујорк во 1851 година. Тајмс има освоено 104 Пулицерови награди, најмногу од сите известувачки организации во светот.[2] Во декември 2008 година, мрежното место на весникот било најпосетувано место на еден американски весник, со повеќе од 18 милиони посетители во декември.[3]
Првата страница на The New York Times на 29 јули 1914 | |
Тип | дневен весник |
---|---|
Сопственик | The New York Times Company |
Издавач | Артур Сулзбергер |
Уредник | Бил Келер |
Редакција | 350 |
Основан | 1851 |
Седиште | New York Times Building 620 Осма Авенија Менхетен, Њујорк |
Тираж | 951.063 дневно 1.376.230 недела[1] |
ISSN | 0362-4331 |
Страница | NYTimes.com |
Иако останува најголем локален весник на метрополата и трет по големина во Соединетите Американски Држави по The Wall Street Journal и USA Today, во текот на последниве неколку години делничниот тираж на печатениот весник нагло опаднал, заедно со останатите весници, на помалку од еден милион примероци дневно за првпат по осумдесеттите години.[4] Со прекарот „Сивата дама“ и „Весник со висока репутација“ во рамките на индустријата, Тајмс е во сопственост на The New York Times Company, која исто така објавува 18 други регионални весници вклучувајќи ги International Herald Tribune и The Boston Globe. На чело на компанијата е Артур Салцбергер и неговото семејство го води весникот од 1896 година.[5]
Мотото на весникот, испечатено во горниот лев агол од насловната страна, гласи: „Сите вести соодветни за печатење“ (англиски: All the News That's Fit to Print). Тој е организиран во неколку делови: вести, мислења, бизнис, уметност, наука, спорт, стил и фељтон. Тајмс го задржал форматот со осум колони, иако поголемиот број весници го промениле на шест колони и е еден од последните весници кои внеле фотографија во боја. Во 2008 година,[6] Тајмс станал достапен на iPhone и iPod Touch и во 2010 година на мобилните уреди iPad.[7]
Њујорк Тајмс е основан на 18 септември 1851 година, од страна на новинарот и политичар Хенри Џарвис Рејмонд, кој во тоа време бил Виговец, а подоцна втор претседавач на Републиканскиот Национален Комитет, заедно со банкарот Џорџ Џонс привично именуван како New York Daily Times или Њујорк Дејли Тајмс. Со оригинална цена од еден цент за примерок, пристапното издание беше насочено кон различните шпекулации во однос на намената и ставовите на весникот коишто следеа со неговото издавање:
Во 1857 година, весникот го смени своето име во Њујорк Тајмс. Првично, весникот излегуваше секој ден освен недела, но на 21 април 1861 година, поради потребата од известување за Граѓанската војна, Тајмс заедно со останатите поголеми дневни весници, почна да објавува неделни изданија. Еден од првите јавни спорови во кои беше вклучен весникот е аферата Мортара, која долго беше предмет на Тајмс и тоа на 20 уводни статии.
Влијанието на весникот порасна во текот на 1870-71 година, кога објави серија разоткривања на Бос Твид кои доведоа до крај на доминацијата на Твид над New York's City Hall. Во осумдесеттите години, премина од поддржувач на Републиканските кандидати во политички независен весник. Во 1884 година, го поддржа Демократот Гровер Кливленд во неговото прво кандидирање на претседателските избори. Иако овој потег ги разочара читателите на Тајмс, весникот за неколку години успеа да ја врати загубената доверба.
Во 1896 година, Тајмс го доби Адолф Окс, издавач на Чатануга Тајмс. Следната година, тој го состави слоганот „Сите вести соодветни за печатење“, што всушност претставуваше боцкање на конкурентните весници како New York World и New York Journal American кои беа познати по вулгарниот жолт печат. Под негово водство, Њујорк Тајмс достигна обем, тираж и репутација на меѓународно ниво. Во 1904 година, Тајмс го доби првиот безжичен пренос на лице место од поморска битка, извештај од уништувањето на Руската флота во Битката кај Порт Артур во Жолтото Море од новинскиот брод Хајмун за време на Руско-јапонската војна. Во 1910 година, беше испратено “Авионско издание во 4 часот наутро“ со авион до Чикаго за да биде во рацете на делегатите од Републиканскиот конгрес до вечерта.
Во четириесеттите години, весникот ги зголеми своите ширина и опсег. Крстозборот почна редовно да се појавува во 1942 година, а делот за мода во 1946 година. Во 1946 година, Тајмс состави меѓународно издание. Ова издание престана да се издава во 1967 година, кога Тајмс заедно со сопствениците на New York Herald Tribune и Washington Post го објави International Herald Tribune во Париз. Весникот во 1946 година, купи радио станица за класична музика (WQXR). Освен ова радио, во сопственост на Тајмс беше и поранешното негово партнер-радио WQEW (1560 AM). Класичната музика беше едновремено емитувана на двете радија до деведесеттите години, кога стандардниот музички формат и големиот оркестар од WNEW-AM (сега WBBR) премина од 1130 АМ на 1560. Станицата АМ ги смени своите повикувачки букви од WQXR во WQEW. Во почетокот на 21 век, Тајмс го изнајмуваше WQEW на АБЦ Радио за својот формат Радио Дизни, кој продолжува на 1560 АМ. Во 2007 година, Дизни стана сопственик на WQEW. На 14 јули 2009 година, беше објавено дека WQXR ќе се продава на WNYC, кое на 8 октомври 2009 година, ја пренесе станицата 105,9 FM која почна да работи како нерекламна.
Њујорк Тајмс е трет по национален тираж, по USA Today и Wall Street Journal. Весникот е во сопственост на компанијата The New York Times Company, во која потомците на Адолф Окс, главно семејството Салцбергер, одржува доминантна улога. Во март 2009 година, весникот забележа тираж од 1 039 031 примероци во работните денови и 1 451 233 примероци во неделите. Според статија на Њујорк Тајмс од 2009 година, тиражот опаднал за 7.3 проценти на околу 928 000 примероци. Ова беше првпат од осумдесеттите години тиражот да падне на помалку од еден милион примероци. Во метрополата Њујорк весникот чини 2 долара во работните денови и 5 долари во неделите. Тајмс има добиено 101 Пулицерова награда, повеќе од кој било друг весник.
Во 2009 година, Тајмс започна со составување на локални додатоци во регионите што се надвор од областа на Њујорк. Почнувајќи од 16 октомври 2009 година, беше додаден двостран додаток Bay Area во петочните и неделните изданија во Северна Калифорнија. Тајмс, на 20 ноември 2009 година, започна со составување на слични петочни и неделни додатоци во изданијата во Чикаго. Овие додатоци содржеа локални вести, политика, спорт и културни дела, обично надополнети со локални огласи.
Освен главното седиште во Њујорк, Тајмс има 16 нови канцеларии во државата Њујорк, 11 национални новински канцеларии и 26 странски новински канцеларии. Њујорк Тајмс ја намали ширината на своите страници од 13.5 инчи (340 мм) на 12 инчи (300 мм) на 6 август 2007 година, усвојувајќи ја ширината која беше воспоставена како стандард во новинската индустрија во САД.
Поради постојаното опаѓање на продажбата во последниве децении, Тајмс неколку години се соочуваше со намалување на тиражот, нудејќи откупи на работници и намалување на трошоците, со согласност со општиот тренд во печатените медиуми.
Првата зграда на весникот се наоѓаше на улица Насау (Nassau street) 113 во Њујорк. Во 1854 година, се пресели на улица Насау 138, а во 1858 година на Парк Роу (Park Row) 41, со што стана првиот весник во Њујорк сместен во зграда изградена специјално за неговите потреби. Во 1904 година, весникот го премести своето седиште на Бродвеј 1475, во област наречена Лонг Екр Свкер (англиски: Long Acre Square), подоцна преименувана во Тајмс Сквер (англиски: Times Square). Од врвот на зградата за Новогодишната вечер виси светлечка топка, што претставува дел од традициијата започната од страна на весникот. Зградата е исто така препознатлива поради електронската табла со вести долж надворешните ѕидови, на која се вртат насловите на вестите. Таблата е сè уште во употреба, но не од страна на Тајмс. По девет години на Тајмс Сквер, на 43та Западна улица 229 се изгради ново крило. По неколку проширувања, во 1913 г. ова крило стана главно седиште на компанијата, а во 1961 година зградата на Бродвеј беше продадена. До јуни 1997 година, Тајмс, според кој плоштадот го доби името, беше објавуван од канцелариите на 43та Западна улица. Таму престана да се печати весникот на 15 јуни 1997 година.
Весникот остана на тоа место до јуни 2007 година, кога се пресели три блока подолу до 620 Осма Авенија, меѓу 40та и 41ва Западна улица, во Менхетен. Новото главно седиште на веснико, зградата на Њујорк Тајмс е облакодер проектиран од Ренцо Пијано.
Вклучувањето на весникот во 1964 година во случајот Компанијата Њујорк Тајмс против Саливан поради клевета помогна во донесувањето на една од клучните одлуки на Врховниот Суд на САД поддржувајќи ја слободата на печатот. Во него Врховниот Суд на САД, стандардот на „реално кривично дело со умисла“ за извештаи од печатот, во врска со јавни службени лица или јавни личности, ги смета за усна или писмена клевета. Овој стандард бара од тужителот да докаже дека објавувачот на изјавата знаел дека таа е невистинита или делувал со несовесна рамнодушност кон вистинитоста на изјавата. Поради потешкотии на тужителот за наоѓање докази и во докажување на мислењата на личноста, вакви случаи за јавни личности ретко успеваат.
Во 1971 година, весниците на Пентагон, тајна историја на Министерството за одбрана на САД за политичкото и военото вклучување на САД во војната во Виетнам од 1945 до 1971 година, беа предадени на Нил Шиан од страна на Њујорк Тајмс преку поранешниот претставник на Министерството за надворешни работи Стејт Департментот) Даниел Елсберг со неговиот пријател Ентони Русо кој му помагал во копирањето. Тајмс започна со објавување на извадоци преку серија статии на 13 јуни. Следеа контроверзности и судски постапки. Весниците открија, меѓу другото, дека владата намерно ја проширила својата улога во војната преку спроведување на воздушни напади врз Лаос, напади долж брегот на Северен Виетнам и акции од страна на воената морнарица на САД уште пред да се објави во јавноста за нападите и додека претседателот Линдон Б. Џонсон ветуваше дека нема да ја прошири војната. Документот го зголеми недостатокот од кредибилитет на владата на САД и ги отежна напорите на владата на Никсон да се бори против тековната војна.
Кога Тајмс започна со објавување на овие статии, претседателот Ричард Никсон пламна од лутина. Дел од неговите зборови кажани на советникот за Национална безбедност Хенри Кисингер беа „луѓе мора да бидат палени за вакво нешто...“ и „ајде да го пикнеме тој кучкин син в затвор.“ По неуспехот да го забранат објавувањето на Тајмс, Министерот за правда Џон Мичел и претседателот Никсон добија налог од федералниот суд за забрана за објавување на извадоците во Тајмс. Весникот поднесе жалба и случајот почна да се обработува во судскиот систем. На 18 јуни 1971 година, Вашингтон Пост започна со објавување на свои серии извадоци. Бен Багдикан, уредник на Пост, состави делови од весниците од Елсберг. Тој ден, Пост доби повик од заменикот министер за правда Вилијам Ренквист барајќи од Багдикан да го запре издавањето. Кога Пост одби, Министерството за правда на САД побара уште еден налог. Судијата на федералниот суд одби и владата на САД поднесе жалба. На 26 јуни 1971 година, Врховниот Суд на САД се согласи да ги земе двата случаја, спојувајќи ги како „Компанијата Њујорк Тајмс против Соединетите Американски Држави“ 403 САД 713. На 30 јуни 1971 година, Врховниот Суд на САД донесе одлука дека налозите биле противуставни пред забраните и дека владата не принела доволен број на докази. Судиите поднеле девет одделни мислења, не согласувајќи се за значајни конструктивни прашања. Додека оние коишто се повикуваа на Првиот Амандман кој го обезбедува апсолутното право на слободен говор генерално сметаа дека победиле, многумина сметаа дека ова е незначителна победа, нудејќи слаба заштита за идните издавачи во случаи кога националната безбедност е на ризик.
Дел од историјата беа дискриминаторски постапки што ги ограничуваа жените од уредничките позиции, што даде резултат и во новинарството во тоа време.
Првата жена известувач на весникот беше Џејн Грант, која подоцна го опиша своето искуство. Таа напиша: „Во почетокот бев задолжена да не го откривам фактот дека жена е вработена.“ Другите известувачи ѝ го дале прекарот Флаф (англиски: Fluff - добра риба) и таа била предмет на одредено мајтапење. Според нејзиниот одговорен уредник, поради нејзиниот пол, унапредувања не доаѓале предвид. Таа останала таму 15 години, до Првата светска војна.
Во 1935 година, Ен Мек Кормик му напиша на Артур Хејс Салцбергер:„Се надевам не очекувате од мене да се навратам на она 'од женски аспект'“. Подоцна, таа интервјуираше поголеми политички водачи и изгледа имаше полесен пристап отколку нејзината колешка. „Дури и оние коишто беа сведоци на нејзината работа не можеа да си објаснат како ги добила тие интервјуа“, изјави Клифтон Даниел.
„Сигурен сум дека по Втората светска војна, Канцеларот на Западна Германија Конрад Аденауер ја повикал и ја поканил на ручек. Таа никогаш не мораше да се понижува пред некого за да добие средба“. Преносот од говорите на светските водачи по Втората светска војна во Клуб за Клубот за Национален печат беше ограничен за мажите, по правило на Клубот. Кога на жените конечно ѝм беше дозволено да ги слушаат говорите, тие сè уште немаа дозвола да ѝм поставуваат прашања на говорниците. На мажите ѝм беше дозволено да прашуваат и тие го остваруваа тоа право, иако некои од жените имаа добиено Пулицерови награди за претходната работа. Известувачката за Тајмс, Меги Хантер одби да се врати во Клубот по една репортажа за говор за кој беше назначена. Статијата на Нен Робертсон за областа Јунион Сток Јардс (англиски: Union Stock Yards), Чикаго, Илиноис, беше јавно прочитана како анонимен текст од професор, кој тогаш изјави: „Ќе ве изненади, можеби, фактот дека известувачот е жена...“ започна тој. „Таа ги употребила сите свои сетила, не само нејзините очи, да ја пренесе миризбата и да ги почувствува трлата. Таа избрала тешка, навредувачка тема. Нејзината сликовитост е доволно силна за да ве револтира“. Тајмс по десет години ја најми Кетлин Мек Лафлин за Трибината во Чикаго, каде што „таа објави серија статии за куќни помошнички, излегувајќи сама да се пријави за работи за одржување на домови“.
Семејството Окс-Салцбергер, едно од новинските династии во САД, е сопственик на Тајмс од 1896 година. Откако издавачот излезе на берзата во шеесеттите години, семејството ја задржа контролата врз весникот со сопственост на мнозинството второстепени гласови. Првостепените акционери имаат ограничени права на глас, а второстепените имаат целосно право на глас. Овие структури на сопственост станаа популарни во средината на дваесеттите години, кога семејствата како Греам од Компанијата Вашингтон Пост се борат да излезат на берза без да ја изгубат контролата врз весникот. Доу Џонс енд Компани (англиски: Dow Jones & Co.), издавач на Wall Street Journal, имаше слична структура и беше под контрола на семејството Банкрофт. Подоцна компанијата беше купена од News Corporation во 2007 година.
Семејството Окс-Салцбергер поседува околу 88 проценти од второстепените акции на компанијата. Секоја измена на оваа двокласна структура мора да биде ратификувана од шест од осум директори од одборот на семејството Окс-Салцбергер. Членови на одборот на директори на компанијата се Даниел Х. Коен, Џејмс М. Коен, Лин Г. Долник, Сузан В. Драјфус, Мајкл Голден, Ерик М. А. Лакс, Артур О. Салцбергер Јуниор и Кети Џ. Салцбергер.
Тарнер Кетлеџ, врвниот уредник на Њујорк Тајмс во текот на речиси две децении, сакаше да го прикрие влијанието на сопствениците. Салцбергер на својот уредник редовно му пишувал белешки со предлози, насоки, жалби и наредби. Кога Кетлеџ ги добивал овие белешки го бришел името на издавачот пред да ѝм ги предаде на своите подредени. Тој сметал дека ако го скрие името на издавачот од белешките, неговите вработени нема да се чувствуваат под притисок од сопственикот.
Весникот е поделен на три дела, заедно со списанието:
Некои делови, како што е Метро, ги има само во изданијата на весникот што се издаваат во Областа од трите држави - Њујорк-Њу Џерси-Контектикат, а ги нема во националното издание или во Вашингтон ДЦ. Освен неделниот преглед на преизданија на едиторијални цртани филмови од други весници, Тајмс нема свој цртач во својот персонал, ниту има страна со стрипови или неделен дел за стрипови. Во септември 2008 година, Тајмс објави дека на 6 октомври истата година во изданијата печатени во областа на метрополата Њујорк, одредени делови ќе бидат комбинирани. Промените значеа вметнување на делот Метро во главниот дел Меѓународни/Национални вести и комбинирање на деловите Спорт и Бизнис (освен од сабота до понеделник, кога делот Спорт е печатен како самостоен дел). Оваа промена исто така значеше промена на името на делот Метро во Њујорк надвор од Областа од трите држави. Печатниците на Тајмс дозволија да се печатат четири дела истовремено. Кога весникот додаде повеќе од четири дела за секој ден, освен во сабота, деловите мораа да бидат печатени одделно во ран тираж и подредени заедно. Промените ќе дозволат Тајмс да се печати во четири дела од понеделник до среда, освен во сабота. Изјавата на Тајмс гласеше дека бројот на нови страници и места за вработување ќе останат непроменети, со тоа што весникот заштедува преку скратување на прекувремени трошоци. Според Рас Стентон, уредник на конкурентниот Лос Анџелес Тајмс, редакцијата на Њујорк Тајмс е двапати поголема од онаа на Лос Анџелес Тајмс, кој во моментов има редакција со 600 новинари.
Кога се однесува на луѓе, Тајмс обично го користи терминот почесни, а не едноставно презимињата на личносите (освен на спортските страници, прегледите на книги и списанието). Насловите за поголемите статии често стојат со поднаслови давајќи понатамошни детали, иако тоа се оддалечува од стилот. Остана со форматот од осум колони до септември 1976 година, долго откако другите весници преминаа на шест колони, и беше еден од последните весници кој ја прифати фотографијата во боја, со првата објавена фотографија на насловната страна на 16 октомври 1997 година. Во отсуство на главен наслов, најважната статија на денот обично се појавува во горната десна колона на насловната страна. Шрифтовите што се користат за насловите се приспособени варијанти на Челтенхем (Cheltenham). Тековниот текст е поставен на 8.7 точка на Империјал (Imperial).
Вклучувајќи се во списокот на останатите поголеми американски весници последниве години, како што се USA Today, Вол Стрит Џурнал и Вашингтон Пост, Њујорк Тајмс на 18 јули 2006 година објави дека ќе ја намалува големината на страниците на весникот за еден и пол инча. Во ова време на намален тираж и значителни загуби во приходите од рекламирање за поголемиот број на печатени примероци од американските весници, потегот, којшто исто така беше објавен, ќе резултираше со намалување од 5 проценти во покриеноста на новости и ќе има за цел заштеда на весникот од 12 милиони долари годишно. Промената од традиционалниот стил од 54 инчен формат на покомпактен формат од 48 инчи широчина беше наложена од главниот и одговорен уредник Бил Келер и претседателот на Њујорк Тајмс Скот Хикин-Кенеди во белешките до персоналот. Келер стоеше зад овој потег „попристапен за читателите“, укажувајќи на тоа дека отфрлањето на “неуверливата и непотребна проза на поголеми делови“ ќе го зголеми квалитетот на весникот. На сличен начин, Келер излезе на крај со предизвикот од репортажи на „помал простор“ со помош на воведување на „поригорозно уредување“ и вети понатамошна заложба за „остро, пионерско новинарство“. Официјалната промена стапи на сила на 6 август 2007 година.
Њујорк Тајмс на 6 јануари 2009 година изложи реклами на насловната реклама, со што ја прекина традицијата на весникот. Рекламата за CBS беше во боја и беше долж целата страна. Весникот вети дека рекламите на насловната страна ќе бидат сместени само на долната половина од страната.
Преку своето партнерско глобално издание The International Herald Tribune, Њујорк Тајмс остварува дневен тираж од 242.073 примероци ширум светот и во САД. Одржува канцеларии на низа политички и социјално важни локации. На регионално ниво, Тајмс воспоставува врски со 16 канцеларии во државата Њујорк, на национално ниво со 11 во САД и со 26 странски новински канцеларии на глобално ниво.
Добитникот на 101 Пулицерова награда, Тајмс, доби три награди на свеченоста од 2010 година. Шери Финк беше наградена за најдобар известувачки извештај, за нејзиното дело за реакцијата и посветеноста на една болница по ураганот Катрина. Мајкл Мос доби признание за неговиот придонес во опширното известување и претстојната политика, за својата репортажа за испитувањата врз една млада жртва од салмонела парализирана од бактеријата Ешерихија коли (латински: Escherichia Coli). Неговата статија поттикна значителни промени во судското решавање на случајот. Мет Рихтел исто така доби признание за својата статија за опасните последици од користење на мобилен телефон при возење.
Тајмс има голема застапеност на интернет уште од 1996 година и неговото мрежно место е една од најпосетените. За пристап до некои статии е потребна регистрација, иако тоа може да се избегне во некои случаи преку RSS снабдувачот на Тајмс. Во март 2005 година, мрежното место беше посетено 555 милиони пати. Според едно истражување на Compete.com, локацијата nytimes.com привлекува најмалку 146 милиони посетители годишно до 2008 година. Мрежното место на Тајмс е рангирано на 59-то место според бројот на поединечни посетители, со преку 20 милиони единствени посетители во март 2009 година, што ја прави најпосетуваното мрежно место на весник со двојно повеќе посетители од следната најпопуларна локација. Исто така, од мај 2009 година, nytimes.com создаде 22 од 50те најпопуларни блогови на весници.
Во септември 2005 година, весникот одлучи да започне со претплатничка услуга за дневните колумни со програма наречена TimesSelect, која содржи многу колумни кои претходно биле бесплатни. Пред да биде прекината две години подоцна, услугата чинеше 7.95 долари месечно и 49.95 долари годишно, иако беше бесплатна за претплатниците на печатените изданија на весникот и за студентите. За да добијат лесен пристап, блогерите често објавуваа веќе објавени податоци од TimesSelect и барем едно мрежно место собираше врски од веќе печатени податоци. На 17 септември 2007 година, Тајмс објави дека ќе престане со наплата за пристап до одредени делови од своето мрежно место, што стапува на сила на полноќ следниот ден, и одразува растечки поглед во индустријата дека трошоците за претплата не можат да ги надминат потенцијалните рекламни приходи од зголемениот сообраќај на бесплатните локации. Освен отворањето на скоро целото мрежно место за сите читатели, архивите на новостите на Тајмс од 1987 година до денес се достапни бесплатно, како и оние од 1851 до 1922 година, коишто се во јавниот дел на локацијата. Пристап до делот Премиум крстозбори и понатаму бара или домашна испорака или претплата од 6.95 долари месечно или 39.95 долари годишно. Колумнистите на Тајмс, како Николас Кристоф и Томас Фридман толку го критикуваат TimesSelect што Фридман дури вели „Го мразам. Ме повредува премногу бидејќи ме одделува од многу, многу луѓе, особено бидејќи има луѓе преку океанот што ги читаат моите статии, како на пример во Индија...се чувствувам целосно отсечен од мојата публика.“
Тајмс е, исто така, првиот весник што нуди видео игра како дел од своето издание, Food Import Folly од Persuasive Games.
reCAPTCHA во моментов помага да ги нумерира старите изданија на Њујорк Тајмс.
Times Reader) е дигитална верзија на Тајмс. Создаден е преку соработката меѓу весникот и Мајкрософт. Times Reader ги презема принципите на печатеното новинарство и ги применува во техниката на онлајн известување. Times Reader користи серија технологии развиени од Мајкрософт и нивниот тим (Windows Presentation Fondation). Верзијата беше објавена во април 2006 година, во Сиетл од Артур Окс Салцбергер Јуниор, Бил Гејтс и Том Боткин. Во 2009 година, Times Reader 2.0 беше презапишан во Adobe Air.
Во 2008 година, Тајмс создаде апликација за iPhone и iPod Touch што им овозможува на корисниците да преземаат статии на нивниот мобилен уред со што тие можат да го читаат весникот дури и кога не биле во можност да добијат сигнал. Во април 2010 година, Тајмс извести дека ќе почне со објавување на дневна содржина преку апликација за iPad. Веќе од октомври 2010 година, апликацијата за iPad на Њујорк Тајмс е рекламно поддржана и достапна бесплатно без претплата, но во 2011 година ќе премине на претплатничкиот модел.
Врската со своите руски читатели е посебен проект на Њујорк Тајмс промовиран во февруари 2008 година, под водство на Клифорд Џ. Леви. Некои статии на Тајмс што опфаќаат широк спектар на политички и социјални теми во Русија се преведени на руски и понудени на руските блогери во локалниот блог на Тајмс. Потоа, одбрани одговори на руски блогери се преведени на англиски и објавени на мрежното место на Њујорк Тајмс меѓу коментарите од англиските читатели.
Цената на весникот е 2 долара за изданијата Метро и Национални вести, освен во неделите кога изданието Метро е 5 долари, а Национални вести 6 или 7 долари.
На 20 јануари 2010 година, од весникот известија дека почнувајќи од јануари 2011 година ќе почне на честите читатели да им наплаќа за пристап до нивната содржина онлајн. Читателите ќе имаат можност да добијат пристап до одреден број статии секој месец бесплатно. Сепак, секој читател кој ќе сака да има поголем пристап ќе мора да плати одредена членарина. Овој план ќе им обезбеди слободен пристап на повремените читатели, но ќе обезбедува приход од редовните. Деталите сè уште не се дефинирани. Претплатниците на печатените изданија на весникот ќе имаат целосен пристап без каква било дополнителна членарина.
Поради штрајкови, редовните изданија на Њујорк Тајмс не беа испечатени на следниве датуми:
Не се печатеа изданија на 2 јануари 1852 и 1853 година и од 1862 до 1867 година. Не се печатеа изданија ниту на 5 јули од 1861 до 1865 година.
Тајмс беше различно опишуван дека е пристрасен кон либералната партија или дека е либерален весник, или дека е конзервативно или централно-десно пристрасен за определени прашања.
Според анкета спроведена од страна на Расмусен Репортс (англиски: Rasmussen Reports) во 2007 година за мислењето на јавноста за поголемите медиуми, 40 проценти сметаат дека Тајмс има либерален поглед, а 11 проценти дека има конзервативен поглед. Во декември 2004 година, истражување на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес му даде 73.7 бода на Тајмс на скала од 100 бода, на која 0 бода значат најконзервативен весник, а 100 најлиберален. Веродостојноста на ова истражување беше под сомнение на различни организации, меѓу кои и групата чувар на либералните медиуми Media matters for America. Во средината на 2004 година. тогашниот јавен уредник (народен правобранител) Даниел Окрент напиша дело во кое тој заклучи дека Тајмс има либерална пристрасност во репортажата на одредени социјални прашања како што се хомосексуалните бракови. Тој тврдеше дека оваа пристрасност го одразува космополитанизмот на весникот, којшто произлегува природно од своите корени како домашен весник на Њујорк. Окрент не коментираше за пристрасноста во репортажите за „почувствителните новости“ како фискалната политика, надворешната политика или граѓанските слободи, но, сепак изјави дека весникот во однос на новостите за војната во Ирак бил недоволно критичен кон владата на Џорџ В. Буш.
Репортерката Џудит Милер се повлече од јавноста по критикувањето дека нејзиното известување од војната во Ирак било фактички неточно и отворено во корист на ставот на владата на Буш, поради што Тајмс мораше да се извини. Еден од главните извори на Милер е Ахмед Чалаби, кој по окупацијата на САД стана привремен министер за нафтена индустрија на Ирак и е сега на чело на Комитетот за услуги на Ирак. Сепак, известувачот Мајкл Р. Гордон кој стоеше зад потписот на некои претходни статии за Ирак заедно со Милер, продолжи да известува за воени прашања за Тајмс.
Поради репортажата за Израелско-палестинскиот конфликт, некои тврдат дека весникот е пропалестински, други дека е произраелски. Во контроверзната книга Израелското лоби и надворешната политика на САД, дело на професорите по политички науки Џон Меарсхајмер и Стефан Волт се наведува дека Њујорк Тајмс понекогаш ги критикува политиките на Израел, но не е непристрасен и генерално го поддржува Израел. Од друга страна, Центарот Сајмон Висентхал го критикуваше Тајмс за објавување на стрипови што се однесуваат на Израелско-палестинскиот конфликт, за кои тврдат дека се антисемитистички.
Јавниот уредник на Тајмс Кларк Хојт во својата колумна од 10 јануари 2009 година, заклучи „иако најгласните поддржувачи на Израел и на Палестинците не се согласуваат, мислам дека Тајмс, спречен да известува директно од бојното поле среде хаосот на војната, даде сè од себе да ја изврши својата задача дер, балансирано и целосно, и во голема мера успеа во тоа.“
Правичност и точност во известувањето, организација за критика на медиумите во напредок, го обвини Њујорк Тајмс за следење на „стратегијата за односи со јавноста на владата на Реган“ во осумдесеттите години, преку „нагласувањето на строгите мерки во Никарагва (од левичарската влада на Сандинистите) и потценување или занемарување на посериозните злоупотребувања на човековите права каде било во Средна Америка“ (главно во Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас, земји со влади поддржани од владеењето на Реган).
На 14 ноември 2001 година, во изданието за 150-годишнината на Њујорк Тајмс, поранешниот главен и одговорен уредник Макс Франкел напиша дека пред и за време на Втората светска војна, Тајмс одржуваше доследна политика за да ги намали репортажите за Холокаустот на своите страници. Лорел Леф, вонредна професорка на Северноисточниот Универзитет, заклучи дека весникот го омаловажува убивањето на Евреите во геноцидот од страна на Третиот Рајх. Нејзината книга од 2005 година „Закопани од Тајмс“ ја документира тенденцијата на Тајмс да ги смести во своите дневни изданија статиите за тековното гонење и истребувањето на Евреите пред, за време и по Втората светска војна, а да ги прикрие посебните влијанија од злосторствата на Нацистите врз Евреите. Професорката Леф делумно ги припишува овие недостатоци на сложените лични и политички ставови на издавачот на весникот, Артур Хејс Салцбергер, во поглед на евреизмот, антисемитизмот и зионизмот.
За време на војната, новинарот на Тајмс Вилијам Л. Лоренс беше „на платениот список во Военото министерство“. Друго сериозно обвинение врз Тајмс е дека преку репортажата за Советскиот Сојуз преку дописникот Волтер Дуранти, намерно го омаловажува гладот во Украина во триесеттите години.
Во мај 2003 година, известувачот на Тајмс, Џејсон Блер, беше принуден да си даде оставка од весникот откако беше фатен како плагира и фалсификува елементи од неговите статии. Некои критичари тврдеа дека борбата на Блер беше главниот фактор во првичното колебање на Тајмс да го отпушти.
Тајмс беше критикуван за својата „лековерна“ репортажа за обвинението за силување на играчи на лакрос (хокеј на трева) во Универзитетот Дјук: „како предводник во преземање вина, Њујорк Тајмс се тркаше до дното на новинарството со шкарт телевизиски ток-шоуа.“
Во средината и кон крајот на педесеттите години, „модните критичари требаше секој месец да смислуваат статии, кои ќе ја одразуваат рекламната моќ на секоја стоковна куќа. Сепак, во рамките на ова барање, идеите за статиите можат да бидат на известувачите и уредниците.
Во февруари 2009 година, весникот беше обвинет за користење на „евтини“ тврдења во статија за музичката уметница Британската Тамилка Миа (англиски: M.I.A.) во однос на нејзиниот активизам против Синхалско-Тамилскиот конфликт во Шри Ланка. Миа се придружи на останатите кои го критикуваа весникот во јануари 2010 година, откако во него беше објавено едно дело со пофалба за патување во Шри Ланка. Во 2010 година, списанието Њујорк Тајмс беше принудено да објави поправка на објавеното онлајн интервју со Миа откако интервјуто направено од сегашната уредничка на модното списание „Даблју“ (англиски: „W“), а тогашна профилерка на списанието Њујорк Тајмс Лин Хиршберг содржеше различни фалсификувања, погрешни цитати и вадење од контекст на изјавите. Како одговор на ова дело, Миа го објавила бројот на Хиршберг и тајните аудио снимки од интервјуто на нејзиниот профил на Твитер и на нејзиното мрежно место. Критичарите како Роберт Кристго и Доријан Лински од Гардијан, ги исмеваа очигледните клеветнички изјави на Хиршберг и на весникот, прашувајќи зошто списанието „осуди за Арулпрагазам толку плитка личност на којашто ѝ вети 20 од 56 страници и статија преку две страници, а ја уништи целосно вешто избалансирано со озборување Холивудски новинар чија последна музичка тема беше Рик Рубин во 2006 година. На прашањето зошто Миа помислила да го сними интервјуто и нејзината реакција, таа изјави: „Ме ставија на насловната страна викендот за Меморијалниот ден, а последната личност што ја ставиле на насловната е Бил Клинтон. Ме имаше на насловната страна со осум страници повеќе од Клинтон. Беше јасно дека нешто ќе тргне наопаку.“ Како фактор, беа посочени незнаењето и недоследноста на Њујорк Тајмс. Критиките на Миранда Соер од Гардијан и Миа укажуваат на иронијата на податоците објавени од Тајмс во однос на конфликтот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.