From Wikipedia, the free encyclopedia
Гордана Сиљановска-Давкова (родена на 11 мај 1953 година во Охрид) — претседател на Македонија, универзитетски професор, правник.[1] Таа станала претседателка на Македонија, откако победила во вториот круг на Претседателските избори на 8 мај 2024 година.
Гордана Сиљановска-Давкова | |
---|---|
6. Претседател на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 12 мај 2024 | |
Претходник | Стево Пендаровски |
Пратеничка во Собранието на Македонија | |
На должноста 2020 – 2024 | |
Министер без ресор во Влада на Република Македонија | |
На должноста 1992 – 1994 | |
Претседател | Киро Глигоров |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Член на уставната комисија на Собранието на Република Македонија | |
На должноста 1990 – 1992 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 11 мај 1953 Охрид, НР Македонија, ФНРЈ |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Деца | 2 |
Установа | Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје |
Професија | правник, професор |
Вероисповед | православен христијанин |
Гордана Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment - between Norms and Reality“ во 1994.
Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.[2]
На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која била одржана во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.[3]
На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска е носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година до 12 мај 2024 година таа е пратеник во македонското Собрание. На 12 мај 2024 година станува Претседателка на Македонија по победата во вториот круг на претседателските избори на 8 мај 2024.
Сиљановска била инаугурирана за претседател на 12 мај 2024 година. При читањето на заклетвата наместо уставното име „Република Северна Македонија“ изговорила „Македонија“. Во знак на протест, амбасадорката на Грција Софија Филипиду го напуштила Собранието.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.