Гломеромикоти
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гломеромикотите (лат. Glomeromycota, неформално Glomeromycetes) составуваат еден од седумте моментално признати типови на габи[3] со приближно 230 видови. Членовите на овој тип образуваат арбускуларна микориза (АМ) со корењата или талусите (на пример, мовови) на сувоземните растенија. Geosiphon pyriformis образува ендоцитобиотска асоцијација со цијанобактериите од родот Nostoc.[4] Формирањето на АМ не е сè уште потврдено за сите видови. Повеќето докази покажуваат дека гломеромикотите се облигатни биотрофи кои јаглерод и енергија добиваат исклучително од симбиозата со сувоземните растенија или цијанобактериите. Меѓутоа, постојат одредени наводи за тоа дека некои видови можат да водат независен начин на живот.[5] Видовите кои образуваат арбускуларни микоризи се сувоземни и нашироко распространети во почвите, каде формираат симбиози со корењата на повеќето растителни видови (>80%). Можат исто така да се најдат и во влажни станишта, вклучително и солени мочуришта, како и во асоцијации со епифитни растенија.
Гломеромикоти | |
---|---|
Gigaspora margarita во симбиоза со Lotus corniculatus | |
Научна класификација | |
Царство: | Fungi |
Оддел: | Glomeromycota C. Walker & A. Schuessler 2001[1] |
Класа: | Glomeromycetes Caval.-Sm., 1998[2] |
Редови | |
Archaeosporales |
Гломеромикотите обично имаат ценоцитни (понекогаш слабо септирани) мицелиуми и се размножуваат бесполово по пат на бластичен развиток на врвовите на хифите, при што даваат спори (гломероспори) со пречник од 80-500μm. Кај некои видовие се формираат сложени спори во рамките на терминална сакула.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.