Глауком
From Wikipedia, the free encyclopedia
Глаукомот или мрежата[1] e прогресивна болест (оптикопатија) со оштетување на очниот нерв, кое води до постепено намалување на видот [2] . Во САД глаукомот[3] е втората најважна форма на иреверзибилно слепило кое зафаќа повеќе од 1,5 милони поединци и предизвикува слепило кај повеќе од 150.000 случаи. Во принцип тоа е водечка причина за иреверзибилно слепило. Глаукомот [4] претставува група на болести кои се одликуваат со иреверзибилно губење на ретиналните ганглионски клетки , невроните кои носат визуелни информации од ретината до повисоките центри во мозокот. Има класификација во согласност со различни критериуми вклучувајќи ја и анатомијата – отворен агол наспроти затворен, времето на настанување – инфант илен наспроти јувенилен, наспроти адултен и етиологијата – примарен наспроти секундарен. Генерално тоа е хронична и болна состојба. Непозната иднина на различни форми на глауком [5] е присуство на специфични абнормални појавувања на оптичкиот нерв кој има карактеристичен дефицит на видното поле на пациентот. Глаукомот е често асоциран со повишен интраокуларен притисок [6] . Меѓутоа многу клиничари не го сметаат покачениот интраокуларен притисок ако дел од дефиницијата за глауком, бидејќи тоа не е ниту неопходен, ниту доволен услов за развој на болеста. Поединците се познати како окуларни хипертензичари кои имаат висок интраокуларен притисок а немаат оштетувања на оптичкиот нерв. Исто така и луѓето со очна хипертензија имаат порастувачки ризик за појава на глаукомот во споредба со општата популација. Покачениот интраокуларен притисок подобро е да се смета само како фактор на ризик. Сегашниот третман на глаукомот е насочен за смалување на интраокуларниот притисок и тоа можеби ќе доведе да се редуцира ризикот за идно оштетување. Иако низ третманот може да се спречи прогресија на оптичката невропатија, актуелно е дека нема лек за оваа болест. Наспроти многу години на студии , механизмот на контрола на интраокуларниот притисок [7] и смртта на ганглиските клетки, останува сиромашно разбран. Откривањето на генетските фактори кои влијаат на развојот и прогресот на глаукомот ќе доведат се надеваме до подобра дијагноза, прогноза и третман. Според причината, глаукомот се дели на примарен и секундарен. Примарен глауком Кај овој вид на глауком интраокуларниот притисок е резултат на растројствата кои се јавуват со истекување на очната водица поради појава на зголемен отпор во одводните патишта. Очната водакоја се создава во цилијарните продолжетоци и одтаму протекува во задната комора, таа ја потиснува должницата на окото, која со својата ивица се наслонува на предната страна на леќата, и тогаш, очната вода низ отворот на зеницата минува во предната комора. Во предната комора водата не мирува туку постојано се движи. Еден вид од тие нејзини движења е предизвикано од топлинските фактори: слоевите поблиски до ирисот, кој е богат со крвни садови, се потопли и се качуваат нагоре, за разлика од слоевите кои сè до задната странана на 2 рожницата кои се поладни, затоа што таа нема крвни садови и е изложена на влијанијата на надворешните топлински фактори. Овие поладни слоеви се спуштаат надолу. На ваков начин очната водица во предната комора кружи секогаш на ист одреден начин. Меѓутоа очната водица оди понатаму од предната комора преку патиштата кои се наоѓаат во аголот на предната комора, поточно во аголот меѓу рогавицата и должицата ( ирисот ) т.е. иридокорнеален агол. Тука се наоѓаат фонтановите простори преку кои очната водица истекува низ Шлемовиот канал, а од таму во венскиот крвоток. За да се одржи на нормално ниво интраокуларниот притисок, потрбно е постојани да биде присутен одреден однос меѓу стварањето на очната вода во цилијарните продолжетоци на цилијарното тело и количината која преку фонтановите предели истекува во шлемовиот канал, а одтаму во венскиот крвоток . Ако во овие одводни патишта отпорот стане поголем, ќе се јави застој во истекувањето на очната водица, а со тоа се зголемува интраокуларниот притисок односно се јавува глауком. Примарниот глауком може да се јави во два вида и тоа: акутен и хроничен . Акутниот вид на глауком се јавува кога периферниот дел на ирисот ќе се потпре на задната страна на аголот на предната комора и со тоа ќе го затвори. Поради тоа што затворањето на аголот се јавува одеднаш се нарекува акутен вид , а затоа што е пропратен со знаци на конгестија која потсетува на состојба на воспаление, го добива називот конгестивен или инфламаторен глауком. Затоа што коренот на ирисот го затвора аголот ( ангулусот ) на предната комора, се нарекува и како ангуларен глауком. Додека кај хроничниот или прост глауком аголот е отворен. Пречките во истекувањето на очната водица се наоѓаат во мрежастото ткиво кое ја одвојува предната комора од шлемовиот канал и која се нарекува траберкуларен појас.
![]() | Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |