Глам-метал
правец во хеви-металот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Глам-метал (познат и како хер-метал, англиски: hair metal) е под-жанр на хеви метал музиката кој настанал во доцните 70-ти и раните 80-ти години во САД. Глам-металот бил доминантен жанр во рок музиката во 80-тите години и за момент во 90-тите.[1]
Повеќе информации Глам-метал, Стилско потекло: ...
Глам-метал | |
---|---|
Стилско потекло: | Хеви метал, глам рок, хард рок |
Културно потекло: | Рани 80-ти во Sunset strip, Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Типични инструменти: | Електрична гитара - Бас - Тапани - Клавијатури |
Мејнстрим популарност: | 1983-1992 во САД; светска популарност 1986-1992 |
Регионални сцени | |
Лос Анџелес - Њујорк - Велика Британија - Скандинавија | |
Други теми | |
Историја - Групи |
Затвори
Глам-металот исто така е нарекуван и хер метал изведуван од таканаречените хер бендови. Овој поим бил популаризиран од страна на MTV во 90-тите и доаѓа од чудниот изглед на изведувачите кој имале долги виткани коси и носеле тесни и стегнати панталони.[2]